• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Напредните системи за помош на возачот кај XJ се грижат за вашата безбедност, поврзливост и забава.
CO2 EMISSIONS g/km

As low as 99 on Manual
As low as 106 on Automatic

FUEL ECONOMY Combined mpg (l/100km)

From 75.0 (3.8) on Manual
From 68.9 (4.1) on Automatic

XJ се карактеризира со системот Touch Pro, најсовремениот систем на Jaguar за информации и забава за автомобил, како дел од стандардната опрема. Со брза реакција, интуитивна и беспрекорно интегрирана технологија – Jaguar нуди решенија коишто иновативно го унапредуваат вашето возење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Play

ПОВРЗАН АВТОМОБИЛ

Сите модели на XJ се карактеризираат со најсовремениот систем за информации и забава на Jaguar, системот Touch Pro. Системот беспрекорно се интегрира со вашиот паметен телефон за да ви понуди лепеза од услуги коишто ќе го надградат доживувањето во возењето осигурувајќи ви поврзливост додека сте во движење.

КОНТРОЛА ПРЕКУ ЕКРАНОТ НА ДОПИР

КОНТРОЛА ПРЕКУ ЕКРАНОТ НА ДОПИР

Командниот центар на XJ е екранот на допир. Овој високоинтуитивен интерфејс со повеќекратен допир може да се персонализира и користи гестикулации коишто се познати кај паметните телефони и таблетите– само допрете, зумирајте со два прста и поминете со прст за брза и точна работа.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

Интерактивниот дисплеј за возачот со висока резолуција на XJ ги оживува информациите – 12.3”-ен HD TFT екран ја заменува вообичаената група инструменти. Овој моќен повеќеслоен, виртуелен дисплеј комбинира едноставен за употреба графички интерфејс со напредна функционалност за да го направи возењето уште попријатно. Можете да изберете една од четирите претходно поставени теми на дисплејот, или навигација на целиот екран со мапа во 3Д.

ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА

Опционалниот систем Забава на задните седишта се карактеризира со поединечни екрани, на отворање, од 10 инчи со висока резолуција со остра слика. Односот на страните од 16:9 значи дека се совршени за гледање филмови преку целиот екран. А бидејќи системот е опремен со безжични слушалки и далечински уред, како и USB и HDMI порти коишто поддржуваат повеќе таблети и паметни телефони, XJ може секому да му овозможи беспрекорна поврзливост.

ЗВУЧИ ВИСТИНСКИ

XJ нуди аудио системи коишто се дизајнирани за да ја оживеат музиката. Аудио системот на Jaguar развива моќност од 250W и нуди акустично доживување преку 8 звучници. Три други системи, дизајнирани за XJ во соработка со британските експерти за звук Meridian, нудат уште поголемо пространство од перформанси: дигиталниот аудио систем Meridian од 380W со опкружувачки звук, дигиталниот аудио систем Meridian од 825W со опкружувачки звук и дигиталниот аудио систем Meridian Reference од 1300W.

ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN
НАДГРАДЕНА СИГУРНОСТ

НАДГРАДЕНА СИГУРНОСТ

XJ е дизајниран за максимална сигурност кога стои во место и кога се движи. Алармниот систем и имобилизаторот на моторот се вградуваат како дел од стандардната опрема. Со помош на вашата клуч картичка можете далечински да го заклучите и двојно да го заклучите XJ или, од друга страна, истото можете да го направите преку дискретното копче на кваката на вратата. Штом ќе тргнете, вратите може да бидат програмирани да се заклучуваат автоматски на претходно поставена брзина на движење.

XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.