Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Надворешност

Соединувајќи ги полираните динамични линии и извајаната елеганција, XJ ги исполнува главните критериуми за естетика на Jaguar, а тоа се убавината, чистотата и едноставноста.

Авторитативен, елегантен и моќен. Обликот на солза којшто го има XJ е формиран за да се добие оптимална аеродинамична ефикасност, сведувајќи го на минимум отпорот на воздухот, подобрувајќи го забрзувањето, намалувајќи ги потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови.

ОСТАВЕТЕ ВПЕЧАТОК

XJ во движење е глетка за восхит. Дури и кога мирува, од него ви расте пулсот, неговиот моќен карактер се отсликува во нискиот, широк став и долгата, затегната странична линија. Соединувајќи ги полираните линии и извајаната елеганција, XJ целосно го олицетворува потенцијалот на Jaguar за драматичен, динамичен и чист дизајн.

ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ

ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ

Дизајнот и инженерството оживуваат во XJ. Предниот дел од автомобилот е храбар и самоуверен, со импозантната исправена предна украсна маска со мрежест детаљ. Украсната маска е врамена со енергетски ефикасните целосно ЛЕД фарови, со спортскиот дизајн на светлата за дневно возење со уникатниот „Двојно Ј“ потпис на Jaguar.

ВЕДНАШ ПРЕПОЗНАТЛИВ ОД СЕКОЈ АГОЛ

ВЕДНАШ ПРЕПОЗНАТЛИВ ОД СЕКОЈ АГОЛ

На задната страна, впечатливите ЛЕД крајни светла со „Ј“ потписот и елипсовидните издувни цевки ја нагласуваат моќноста и агилноста на XJ.

КАРАКТЕРИСТИЧНА ЛИНИЈА НА ПОКРИВОТ

КАРАКТЕРИСТИЧНА ЛИНИЈА НА ПОКРИВОТ

Задното ветробранско стакло на XJ беспрекорно се протега околу возилото за да ја создаде карактеристичната линија на покривот којашто го истакнува долгиот, низок и широк профил.

XJ R-SPORT

XJ R-SPORT

XJ R-Sport се карактеризира со стилски детали со динамичен карактер во коишто спаѓаат украсната маска со сјајна црна боја и декоративниот панел под задниот одбојник, како и предниот разделник, страничните прагови во стилот „R“ и задниот спојлер.