• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ДОЖИВУВАЊЕ ВО ВОЗЕЊЕТО

Откријте ја префинетоста на XJ со исклучителен мотор, молневита трансмисија и множество напредни технологии за возење.
CO2 EMISSIONS g/km

As low as 99 on Manual
As low as 106 on Automatic

FUEL ECONOMY Combined mpg (l/100km)

From 75.0 (3.8) on Manual
From 68.9 (4.1) on Automatic

XJ ви нуди комфор и префинетост на луксузен автомобил со брзина на реакцијата и вклученост на возачот како во спортски автомобил.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

УБАВИНА. СИЛА. БЕЗБЕДНОСТ

Целосно алуминиумската конструкција на каросеријата на XJ се одликува со јакост, исклучителна крутост и со многу мала тежина. Споена со заковки и без ниту еден заварен спој, 100-процентната алуминиумска монокок конструкција на шасијата и каросеријата прави овој автомобил да биде со најмала тежина во неговата класа.

Одличниот однос моќност/тежина ги унапредува сите аспекти на перформансите, а монокок конструкцијата нуди зголемена крутост за унапредена управливост како и одлични придобивки за безбедноста.

image 1 image2

МОЌЕН, СО БРЗА РЕАКЦИЈА, ПАМЕТЕН

V6 дизел моторот со турбо полнач кај XJ развива исклучителен вртежен момент и моќност и нуди извонредни карактеристики за возење. За бесшумно и глатко менување на степените на пренос сите модели се опремени и со трансмисија со 8 брзини што се карактеризира со побрза реакција и обезбедува помала потрошувачка на гориво.

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300 ДИЗЕЛ МОТОР СО ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300 ДИЗЕЛ МОТОР СО ТУРБО ПОЛНАЧ

Новиот осовремен 3.0-литарски 300PS дизел мотор на Jaguar, нуди унапредени перформанси и намалена потрошувачка на гориво, а од 0 до 100km/h забрзува за 6,2 секунди.

Потрошувачка на гориво (комбиниран циклус): од 7 l/100km*

Емисија на CO2: 185* g/km

Трансмисија: автоматска трансмисија со 8 степени на пренос со функцијата Stop/Start

3.0-ЛИТАРСКИ V6 340 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР

3.0-ЛИТАРСКИ V6 340 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР

Откријте ја софистицираната конструкција на V6 бензинскиот мотор со компресор на Jaguar. Уживајте во надградената моќност и перформанси со низата технологии за унапредување на ефикасноста, намалување на потрошувачката на гориво и внесувањето на гориво, вклучувајќи ги директното вбризгување и пар брегасти вратила со променлива фаза. Со моќноста што ја развива 340PS и вртежниот момент од 450Nm, моторот постигнува забрзување од 0 до 100km/h за само 5,9 секунди.

Потрошувачка на гориво (комбиниран циклус): 9,1 l/100km

Емисија на CO2: 211 g/km

Трансмисија: автоматска трансмисија со 8 степени на пренос со функцијата Stop/Start

3.0-ЛИТАРСКИ V6 340 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР, СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА AWD

3.0-ЛИТАРСКИ V6 340 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР, СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА AWD

3.0-литарскиот V6 340PS бензински мотор со компресор со инстинктивната технологија на Jaguar, Погон на сите тркала (AWD), на возачот му влева доверба во секакви услови за возење. Тој може да забрза од 0 до 100km/h за 6,4 секунди.

Потрошувачка на гориво (комбиниран циклус): 9,8 l/100km

Емисија на CO2: 234 g/km

Трансмисија: автоматска трансмисија со 8 степени на пренос со функцијата Интелигентен Stop/Start

5.0-ЛИТАРСКИ V8 510 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР

5.0-ЛИТАРСКИ V8 510 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР

Доживејте ја моќноста на компресорот Eaton од шестата генерација којшто е достапен со моделот XJ Autobiography. Овој мотор забрзува од 0 до 100km/h за само 4,9 секунди, со забележителни вредности за моќноста, 510PS, и вртежниот момент, 625Nm.

Потрошувачка на гориво (комбиниран циклус): 11,1 l/100km

Емисија на CO2: 264 g/km

Трансмисија: автоматска трансмисија со 8 степени на пренос со функцијата Stop/Start

5.0-ЛИТАРСКИ V8 575 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР

5.0-ЛИТАРСКИ V8 575 БЕНЗИНСКИ МОТОР СО КОМПРЕСОР

Извонредно моќниот 5.0-литарски V8 575PS мотор со компресор на XJR575 обезбедува исклучителни перформанси - забрзување од 0 до 100km/h за 4,4 секунди и максимална брзина од 300km/h.

Потрошувачка на гориво (комбиниран циклус): 11,1 l/100km

Емисија на CO2: 264 g/km

Трансмисија: автоматска трансмисија со 8 степени на пренос со функцијата Stop/Start

КОМФОР И КОНТРОЛА

КОМФОР И КОНТРОЛА

Системот Прилагодлива динамика постојано го набљудува автомобилот до 500 пати во секунда, менувајќи го амортизирањето за да одговара на условите. Овие постојани прилагодувања се грижат за мирното возење и стабилноста на XJ, унапредувајќи ја контролата без никакви загуби во комфорот при возењето.

ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА

Автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XJ се контролира со помош на Jaguar Drive Selector, којшто се подигнува и ви е на дофат на раката откако ќе го притиснете копчето „Start“. Системот Jaguar Drive Control нуди два режима за возење – Dynamic, динамички режим, што обезбедува забрзување со побрза реакција, а Winter, зимскиот режим, дава поголема контрола на движењето во лизгави услови.

УНАПРЕДЕНА УПРАВЛИВОСТ И ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

УНАПРЕДЕНА УПРАВЛИВОСТ И ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

Динамичките карактеристики на возење кај XJR575 се потпомогнати од Електронски активен диференцијал со Насочување на вртежниот момент преку кочење. Оваа технологија овозможува фина контрола на распределбата на моќноста, максимирање на тракцијата и ограничување на појавата на провртување на тркалата. Во спрега со системот Динамичка контрола на стабилноста (DSC) и Системот против блокирање на тркалата при кочење (ABS), ви овозможува во целост да ги искористите возбудливите перформанси на XJR575.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Интелигентниот систем Погон на сите тркала (AWD) реагира додека да трепнете, така што доколку задните тркала започнат на провртуваат, системот моментно го прераспределува вртежниот момент за да го компензира тоа. Преку 90 проценти од вртежниот момент на моторот може да биде прераспределен од задните тркала кон предните тркала за да се обезбеди оптимална тракција.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)

Уникатниот систем на Jaguar, Контрола на движењето по секаква површина (ASPC), е контрола на мала патна брзина, работи на брзини меѓу 3,6 km/h и 30 km/h. Системот се грижи XJ да се справи со ситуациите со мала тракција независно од временските услови и му овозможува на возачот да се концентрира на управувањето на возилото. Системот има и функција за тргнување од место којашто му овозможува на XJ да тргне од место на лизгава површина, како и функција за спуштање по надолнина којашто ја контролира брзината на возилото на пострмни надолнини.

XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ