Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

XF

Типичен Jaguar. Самоуверениот дизајн на XF се издвојува од останатите.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 129‡ со рачна трансмисија
Од 138‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4,9 ‡ со рачна трансмисија
Од 5,2 ‡ со автоматска трансмисија

XF се надоградува на успехот на најнаградуваниот автомобил на Jaguar досега. Со неспоредлива комбинација на стил и содржина, тој претставува крајно заводлива мешавина од дизајн, динамика и префинетост како би се создал автомобил којшто нуди и возбуда и ефикасност. Сето тоа усовршено со најсовремени технологии коишто се грижат за вашата безбедност, поврзливост и забава.

Закажете тест возење КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

XF 300 SPORT

Ненаметлива самоувереност и уникатен изглед што привлекува внимание. Жолти шепи на сопирачките, отвори за вентилација во одбојникот во бојата Dark Satin Grey и впечатливи знаци 300 Sport. XF 300 SPORT е спремен да згрми.

ИСТРАЖЕТЕ ГО XF 300 SPORT

СО МАЛА ТЕЖИНА, ИНСТИКТИВЕН, СО БРЗА РЕАКЦИЈА

Благодарејќи на алуминиумската конструкција со мала тежина на Jaguar, XF е поефикасен, има пониски трошоци за одржување и ја намалува емисијата на CO2 до 134g/km1‡. Во движење, системите за потпирање со мала тежина, напред двојна вилушка

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО

ИЗРАБОТЕН ДО СОВРШЕНСТВО

XF е избор и луксуз по нарачка. Место кадешто првокласните материјали се елегантно изработени во дизајн којшто дава чист, сеопфатен комфор. Каде и да седите, комбинацијата на современиот дизајн, изобилната природна светлина и извонредната изработка на XF, создадава атмосфера на релаксирана префинетост.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

INCONTROL

Поврзливоста и забавата ви ја овозможува InControl, системот за информации и забава на XF. Секој XF се карактеризира со моќните технологии од следната генерација на Touch Pro како дел од стандардната опрема. Со брза реакција, интуитивна и беспрекорно интегрирана - технологијата на Jaguar нуди решенија коишто иновативно го унапредуваат вашето возење2.

ОТКРИЈТЕ ПОВЕЌЕ ТЕХНОЛОГИИ

ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ СПОРЕД EURO NCAP

Jaguar XF ја доби максималната оценка од 5 ѕвездички во тестовите за безбедност на Euro NCAP за 2015 година.3

Нудејќи извонредна заштита од судар, возилото беше високо оценето во сите категории вклучувајќи ги категориите Патник и Пешак, и е меѓу највисоко оценетите модели во својот сегмент.

XF нуди и палета на системи за активна безбедност вклучително системот Итно кочење за дополнително унапредување на нивото на безбедност од светска класа.

Дознајте повеќе
XF ЗА БИЗНИС

XF ЗА БИЗНИС

При дизајнирањето на XF ги земавме во предвид сите области на вкупните трошоци за поседување на автомобилот. Резултатот е до 34.000km или две години меѓу редовни сервиси, емисија на CO2 од 134/km1‡ и потрошувачка на гориво од 5,1 литри/100km4 - податоци коишто го позиционираат XF меѓу водечките во класата.

ИЗБЕРЕТЕ ЕДЕН ОД ПЕТТЕ МОДЕЛИ

Пронајдете ја вашата рамнотежа од ефикасност, перформанси и луксуз со серијата модели XF.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ XF

XF PURE

Суштината на XF. Перформанси на Jaguar фокусирани кон возачот, комбинирани со ефикасност.

XF PRESTIGE

Издигнете го луксузот на повисоко ниво со современите материјали и најфината мајсторска изработка.

XF PORTFOLIO

Кулминација од луксуз и мајсторство во XF.

XF R-SPORT

Смел и самоуверен. Јасно забележлив спортски стил на надворешноста и во внатрешноста.

XF 300 SPORT

Префинетите линии и аеродинамичната надворешност ја кријат моќноста што лежи под хаубата.

XF S

За чисти спортски перформанси, со феноменалниот 3.0-литарски V6 мотор.

1Податоците за перформансите на моторот и потрошувачката на гориво се однесуваат само на седан верзијата XF Saloon.
2 Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот - проверете кај вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на вашиот локален пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.
3 Само XF Saloon.
4 Податоците за перформансите на моторот и потрошувачката на гориво се однесуваат само на седан верзијата XF Saloon.
NEDC (New European Driving Cycle - Нов европски циклкус на возење) е претходниот циклус на возење што се користеше за мерење на потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови кај патничките возила во Европа. WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure - Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење. Прикажаните вредности се според NEDC и новиот WLTP тест за циклуси на возење. Разликата во вредностите е поради промената на начинот на испитување на возилата, а не поради намалување на перформансите.