• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

XF S

XF во неговата највозбудлива варијанта и со најголем фокус на перформансите. XF со моќност на V6 моторот.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 158‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km

Од 6,0 ‡ со автоматска трансмисија

XF S ги комбинира моќноста на V6 моторот и спортскиот луксуз во стил што го одзема здивот. Уживајте во прецизната управливост благодарејќи на неговото спортско потпирање и одличниот квалитет на возење којшто се добива со системот Прилагодлива динамика со Динамика којашто може да се конфигурира. Самоуверениот S стил на каросеријата е надополнет со црвените шепи на кочниците, тркалата од легура од 19 инчи, двојната издувна цевка, елегантниот заден спојлер и уникатниот стил на внатрешноста што одговараат на перформансите.

Креирајте свој модел

ЛУКСУЗ ИНСПИРИРАН ОД СПОРТОТ

XF S нуди луксуз со стил на спортски авотмобил. Спортски седишта од зрнеста кожа и од антилоп материјал, метални завршни елементи на праговите и мултифункционален волан - сите се карактеризираат со ексклузивниот знак S.

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

За максимален комфор и прецизна контрола, системот Прилагодлива динамика ги прилагодува електронски контролираните амортизери за да го оптимизира потпирањето на XF. Системот ги анализира управувањето, до 500 пати во секунда, и движењата на каросеријата, до 100 пати во секунда, како и мноштвото команди од возачот, за постојано да ги набљудува и да ги даде совршените поставки за потпирањето според условите на патот и барањата на возачот.

СПОРТСКИ СТИЛ

СПОРТСКИ СТИЛ

Со смел стил и на надворешноста и во внатрешноста, изгледот на XF S одговара на неговите перформанси. Додавајќи мускулест изглед на веќе динамичната форма на XF, каросеријата во стилот S вклучува спортски преден одбојник, спојлер и странични прагови со сјајна црна боја. Во кабината, спортските седишта и уникатната завршна обработка Dark Hex создаваат внатрешност којашто има перформанси во своето срце.

АПСОЛУТНА МОЌНОСТ

АПСОЛУТНА МОЌНОСТ

XF S е достапен со моќниот 3.0-литарски V6 380PS бензински мотор со компресор којшто се наоѓа и во F-TYPE S. Создава возбудливи перформанси со оптимална ефикасност и префинетост. Вртежниот момент од 450Nm на моторот овозможува забрзување од 0 до 100km/h за само 5,3 секунди и максимална брзина од 250km/h.

НАПРАВЕТЕ ГО XF САМО ВАШ

Со богатата колекција на достапни додатоци за надворешноста и за внатрешноста, XF е спремен да одговара на вашиот стил и начин на живот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ

1 Достапноста на овие карактеристики, дали се дел од стандардната опрема или пак се опционална опрема, зависи од пазарот. За подетални информации консултирајте се со вашиот продавач на Jaguar. 
2 Стандардна карактеристика само со автоматска трансмисија. 
‡NEDC (New European Driving Cycle - Нов европски циклкус на возење) е претходниот циклус на возење што се користеше за мерење на потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови кај патничките возила во Европа. WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure - Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење. Прикажаните вредности се според NEDC и новиот WLTP тест за циклуси на возење. Разликата во вредностите е поради промената на начинот на испитување на возилата, а не поради намалување на перформансите.