• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

XF PURE

Суштината на XF. Перформанси на Jaguar фокусирани кон возачот, комбинирани со ефикасност.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 129‡ со рачна трансмисија
Од 138‡ со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km

Од 4,9‡ со рачна трансмисија
Од 5,2 ‡ со автоматска трансмисија

Впечатлива, аеродинамична надворешност во спој со современа внатрешност. XF Pure обезбедува комфор и ви го нуди системот InControl, систем за информации и забава na Jaguar, преку екранот на допир од 10" за да го направи возењето уште попријатно. Без оглед дали сакате да ставите акцент на перформансите или на економичноста, на располагање ви е широка палета на мотори и трансмисии.

Креирајте свој модел

ЧИСТА ПРЕФИНЕТОСТ

Во XF Pure ќе ги пронајдете најновата технологија и современото мајсторство. Седиштата со прилагодување во 8x8 насоки и мајсторски изработениот фурнир со сјајна црна боја нудат комфор и стил. Секое возење се збогатува со напредниот систем за информации и забава и аудио системот Jaguar од 125W со 8 звучници.

ПРОСТРАНСТВО ОД ПЕРФОРМАНСИ

ПРОСТРАНСТВО ОД ПЕРФОРМАНСИ

XF нуди палета на мотори, од 2.0-литарскиот 4-цилиндричен E-Performance 163PS мотор којшто има емисија на CO2 од 134g/km, до 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 300PS мотор со забрзување од 0 до 100km/h за 5,9 секунди. Независно дали сакате Jaguar ефикасност или перформанси, тука има еден XF за вас.

ИЗБОР НА ТРАНСМИСИЈА

ИЗБОР НА ТРАНСМИСИЈА

XF е достапен или со рачна трансмисија1 со 6 степени на пренос или со автоматска трансмисија со 8 степени на пренос. Рачната трансмисија дава глатки, прецизни промени на степените на пренос и врвно ниво на комфор. Автоматската трансмисија се одликува со глатка работа и брза промена на степените на пренос за беспрекорно забрзување.

На сликата е прикажана автоматска трансмисија.

ВКУПНИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

ВКУПНИ ТРОШОЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ

XF го дизајниравме имајќи ги на ум ниските вкупни трошоци за поседување. Тој може да постигне завидна ефикасност со ниски вредности за потрошувачката на гориво од 5,1 l/100km и на емисијата на CO2 од 134g/km.

НАПРАВЕТЕ ГО XF САМО ВАШ

Со богатата колекција на достапни додатоци за надворешноста и за внатрешноста, XF е спремен да одговара на вашиот стил и начин на живот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ

1 Рачна трансмисија е достапна со 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 163PS (E-Performance) и 2.0-литарскиот 4-цилиндричен 180PS Ingenium дизел мотори со турбополнач.
2 Достапноста на овие карактеристики, дали се дел од стандардната опрема или пак се опционална опрема, зависи од пазарот. За подетални информации консултирајте се со вашиот продавач на Jaguar.
3 Стандардна карактеристика само со автоматска трансмисија.
‡NEDC (New European Driving Cycle - Нов европски циклкус на возење) е претходниот циклус на возење што се користеше за мерење на потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови кај патничките возила во Европа. WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure - Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење. Прикажаните вредности се според NEDC и новиот WLTP тест за циклуси на возење. Разликата во вредностите е поради промената на начинот на испитување на возилата, а не поради намалување на перформансите.