• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

XF нуди сестран простор, практични карактеристики и ниво на безбедност со 5 ѕвездички на Euro NCAP.
Возило што е прикажано: XF S Sportbrake со вградени опционални карактеристики.

ПРАКТИЧНИ ДЕТАЛИ

Сестраната внатрешност на XF се грижи да уживате во вашиот животен стил. Нејзината практичност и напредните технологии за возачот го прават секое патување поедноставно и порелаксирано.

Креирајте свој модел

БАГАЖЕН ПРОСТОР

Со зафатнина од 540 литри*, багажниот простор на XF нуди голем капацитет за сместување багаж. За уште поголема сестраност, изберете ја опционалната конфигурација 40:20:40 на задните седишта – тоа ја зголемува зафатнината на багажниот простор на импресивни 885 литри.

*Со систем за поправка на пневматици. 505 литри со тенко резервно тркало.

СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

За да се ужива во поголема безбедност при секое патување, XF обезбедува палета од системи за помош на возачот. Со помош на нашите најнови иновативни InControl технологии, овој пакет од карактеристики се грижи да ги избегнете ситуациите за потенцијален судар и управува со множество од различни сценарија за возење.

НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Овие системи го прават паркирањето во тесен простор поедноставно од кога и да било. Сензорите го мерат просторот и, ако е погоден, ќе му овозможат на XF самиот да се управува прецизно во текот на маневрите и за паралелното и за паркирањето под прав агол - возачот треба само да ги контролира педалите за кочници и за гас. Функцијата помош при излез може да го води XF додека излегува од простор за паралелно паркирање. Системот Забележување на сообраќајот којшто приоѓа одзади, со помош на сензорите на системот Набљудување на мртвиот агол, има способност да забележи возила што приоѓаат одзади коишто возачот можеби не ги видел, и издава звучно предупредување и известување на екранот на допир. 3

play

НАБЉУДУВАЊЕ НА МРТВИОТ АГОЛ И ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ КОЈШТО ПРИОАЃА ОДЗАДИ

Ако вашиот автомобил забележи друго возило во вашиот мртов агол или возило што брзо приоѓа до вашиот мртов агол, тогаш системот Набљудување на мртвиот агол ве известува за тоа преку мала предупредувачка светилка во соодветниот надворешен ретровизор. Како надградба на овој систем, системот Помош за мртов агол ќе управува со вашето возилото за да ве оддалечи од возилото во вашиот мртов агол ако почнете да менувате коловозни ленти. Со помош на истиот радарски систем, системот Забележување на сообраќајот којшто приоѓа одзади ве известува преку екранот на допир за возилата што приоѓаат додека се движите наназад - на пример, кога излегувате од паркинг место со ограничен преглед на патот.

Повеќе

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

Креирајте свој модел

1 Само кај седан верзијата XF Saloon.
2 Опционална карактеристика (Ги бара функциите Влегување без клуч и Елементи за помош при паркирање наназад).
3 Опционална карактеристика, достапноста и вградувањето се во зависност од пазарот.
4 Бара Navigation Pro.