• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Интуитивните технологии на XF го прават секое патување побезбедно, со подобра поврзливост и со поголемо уживање.

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR

Од исцрпни мултимедијални технологии до прецизно создадени аудио системи и интелигентни системи за помош на возачот - секој XF е дом за иновативните и беспрекорно интегрираните InControl технологии на Jaguar.

Креирајте свој модел

Кратка напомена

Lorem ipsum dolor si.

Истражете
Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

INCONTROL1

Уживајте во најновите системи за информации и забава за автомобил и останете поврзани со вашиот XF и со светот со помош на InControl, пакетот од напредни технологии на Jaguar. Интелигентните решенија на системот InControl беспрекорно се интегрираат со вашите лични уреди, податочни уреди и медиуми, со што се грижат да го подобрат и збогатат доживувањето што го добивате со поседување и возење на овој автомобил.

TOUCH PRO

TOUCH PRO

XF ја нуди напредната технологија на системот Touch Pro, заедно со 10”-ен екран на допир со брза реакција, како дел од стандардната опрема. Во карактеристиките на Touch Pro спаѓаат гласовна контрола со природен дијалог, систем за навигација, со мапи во 2Д или 3Д, и функција за навигација со предвидување2.

ДВОЕН ПОГЛЕД

Опционалниот систем Двоен поглед им овозможува на возачот и на совозачот да уживаат во различни содржини на истиот екран на допир од 10 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки со опкружувачки звук) додека возачот го гледа водењето преку системот за навигација.3

IN-CAR WI-FI

IN-CAR WI-FI

Опционалниот пакет Connect Pro нуди Wi-Fi хот-спот што ја користи моќната надворешна антена на XF - овозможувајќи им на патниците безжично да поврзат до осум уреди со Wi-Fi мрежата на XF1.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ ⁵

Фокусирајте се на патот со помош на опционалниот Head-Up дисплеј на XF којшто користи ласерска технологија. Овој најсовремен систем проектира бројни важни информации врз ветробранското стакло. Неговиот остар, светол, ласерски генериран сликовит приказ останува јасен и на директна сончева светлина, и може да ги прикаже брзината на возилото, известувањата од системот за навигацијата, од системот за контрола на патната брзина и податоците од системот Препознавање сообраќаен знак, кадешто е достапно.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ

12.3"-ниот интерактивен дисплеј за возачот4 со висока резолуција обезбедува информации што се важни за возењето, меѓу коишто е навигација на целиот екран со 3Д мапа, точно таму кадешто ви треба. Неговата висока резолуција осигурува најчиста слика, а префинетиот процесор дава глатки движења и остра графика.

АУДИО

Аудио системот Jaguar (180W) нуди извонредно акустично доживување преку 8 звучници. За напредно акустично доживување, понудени се опционалниот аудио систем Meridian™ (380W) со 10 звучници и двоканален сабвуфер и аудио системот Meridian со опкружувачки звук (825W) со 16 звучници и двоканален сабвуфер. Каде и да се седи во XF, секој еден ќе ужива во богато, задлабочувачко удио доживување.

ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

Креирајте свој модел

1 Онлајн функционалноста и Wi-Fi поврзливоста зависат од инсталација на микро SIM картичка со соодветен договор. Пакетот Connect Pro содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот - проверете кај вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на вашиот локален пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. InControl Apps и апликацијата Remote треба да се преземат од Apple/Play Store. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време. 
2 Secure Tracker е претплатничка услуга што може да се продолжи по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. 
3 Бара Navigation Pro, CD/DVD плеер и аудио систем Meridian™ /аудио систем MeridianTM со опкружувачки звук". 
4 Бара Navigation Pro. 
5 Бара соларно ветробранско стакло. 

Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Најновите информации и информациите во зависност од пазарот можете да ги проверите кај вашиот локален продавач на Jaguar. 
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.