• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

НАДВОРЕШНОСТ

Извонреден квалитет и мајсторска изработка заедно со современиот британски дизајн - XF е автомобил со уникатна убавина и динамичен луксуз.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Забележете ја надворешноста којашто е затегната и атлетска. Прекрасно дефинираните криви линии го оживуваат неговиот самоуверен карактер. Исправената украсна маска којашто влева доверба и моќниот издаден дел на хаубата ја засилуваат неговата намера.

Креирајте свој модел

ОДРАЗ НА УБАВИНА

Профилот со совршени пропорции на XF Saloon се нагласува преку единечен елегантен лак којшто се протега по целата должина на каросеријата и достига кулминација кај специфичните ЛЕД крајни светла, со двоен декоративен кружен дел инспириран од стилот на F-TYPE.

Повеќе
НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Непоколебливиот надворешен дизајн на XF е природно аеродинамичен. Неговиот напреден облик ги подобрува управливоста, динамиката и префинетоста. Дури и рамно поставените фарови и страничните отвори за вентилација беа прецизно дотерани преку исцрпувачки тестирања на дизајнот за да се намали отпорот на воздухот и да се зголеми силата на притискање.

XF 300 SPORT

Тркалата во металик бојата Dark Satin Grey, достапни во димензиите од 19” и 20”, се ексклузивни за моделот XF 300 SPORT. Надворешните детали со завршна обработка во истата боја, Dark Satin Grey, го збогатуваат импресивниот профил на возилото.

ИСТРАЖЕТЕ ГО 300 SPORT
ЛЕД СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ СО „Ј“ ПОТПИС

ЛЕД СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ СО „Ј“ ПОТПИС

Прилагодливите ЛЕД фарови* се карактеризираат со светла за дневно возење со „Ј“ потписот на Jaguar и на XF му даваат впечатлива појава на патот.

ХРОМИРАНИ СТРАНИЧНИ ОТВОРИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА

ХРОМИРАНИ СТРАНИЧНИ ОТВОРИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА

Мрежестите странични отвори за вентилација со хромирана рамка во којашто е втиснат натписот Jaguar го даваат чувството на динамички дизајн и скриена моќност на XF.

КРАЈНИ СВЕТЛА ИНСПИРИРАНИ ОД СТИЛОТ НА F-TYPE

КРАЈНИ СВЕТЛА ИНСПИРИРАНИ ОД СТИЛОТ НА F-TYPE

Еден од многуте атрактивни завршни детали кај седан верзијата XF Saloon е и уникатната графика со тенка декоративна линија на специфичните ЛЕД крајни светла, инспирирани од стилот на F-TYPE.

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

Креирајте свој модел

1 Опционална карактеристика. 
2 Достапноста на овие карактеристики, без оглед дали се стандардни или опционални, е во зависност од пазарот. За подетални информации консултирајте го вашиот локален продавач на Jaguar.