• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Динамиката во возењето кај автомобилите на Jaguar е легендарна - XF го крева овој стандард уште повисоко.

КОМФОР И ДИНАМИКА

Со својот супериорен комфор во возењето и извонредното спортско управување, XF нуди простор за возбудливи доживувања при возењето. Достапна кај бензинските и дизел моделите1, опцијата Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот на XF му дава уште поголема способност во предизвикувачките услови на патот

Креирајте свој модел

ВОЗЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ

XF има агилна реакција и динамичко однесување и секогаш го задржува комфорот во возењето. За тоа може да ѝ се заблагодари, делумно, на алуминиумската конструкција со мала тежина, којашто сепак е исклучително крута и има голема јакост. Таа е совршена платформа за софистицираните системи за потпирање, со двојна вилушка - напред и Integral Link - назад, и на XF му дава дух на спортски автомобил.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

play
ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ

ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ

Алуминиумски компоненти со мала тежина и голема јакост ги сочинуваат софистицираните системи за потпирање, напред и назад, на XF. Напред, конструкција на потпирањето со двојна вилушка, слично на потпирањето кај F-TYPE, обезбедува управливост којашто е водечка во класата. Назад, системот за потпирање Integral Link обезбедува крутост којашто ја поддржува управливоста, уште повеќе го унапредува квалитетот на возењето и го зголемува просторот на динамички способности на XF.

СЕРИЈАТА INGENIUM

СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е нов тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium има импресивни ниски вредности за потрошувачката на гориво и за емисијата на CO2.

INGENIUM БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Новите 2.0-литарски 4-цилиндрични бензински мотори Ingenium со турбо полнач развиваат извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

INGENIUM ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM ДИЗЕЛ МОТОРИ

Три од дизел моторите во серијата XF се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start1 и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење.

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-литарскиот V6 дизел мотор со двоен турбо полнач нуди исклучителна моќност, вртежен момент и карактеристики за возење. Моторот го користи иновативното двојно-паралелно секвенцијално турбо полнење - идеја развиена од страна на Jaguar Land Rover - за да се добие глатко, побрзо развивање моќност на секаков број на вртежи на моторот, како и двостепеното водено ладење за штедење на енергијата.

МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE

МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE

Сите бензински мотори на XF нудат моќност и брза реакција, а истовремено ја унапредуваат ефикасноста. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор којшто XF го дели со F-TYPE, развива моќност од 380PS и вртежен момент од 450Nm. Овој целосно алуминиумски мотор овозможува моментален пристап до високите перформанси и вртежни моменти при кој било број на вртежи на моторот, како и уникатен звук.

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Обезбедувајќи брза промена на степените на пренос за беспрекорно забрзување, автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XF има брза реакција и мирна и ефикасна работа. Со современиот вртлив селектор во бојата Satin Black - трансмисијата нуди уште побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kick-down“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим и порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот. Може да изберете и рачно менување на степените на пренос, преку лопатките поставени на воланот, со еден допир на прстот.

РАЧНА ТРАНСМИСИЈА

Напредната, со мала тежина, рачна трансмисија4 со 6 степени на пренос придонесува за извонредната ефикасност на XF. Нејзиното куќиште од алуминиумска легура, шупливите вратила и олеснетите запченици го штедат секој можен грам од тежината - со што оваа единица е со најмала тежина во својата класа. Специјално дизајнирана за перформансите на спортски автомобили - се одликува со глатки, кратки промени на степените на пренос и врвно ниво на комфор.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

Повеќе

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА И ИНТЕЛИГЕНТНА ДИНАМИКА НА ПОГОНОТ

XF го нуди уникатниот систем на Jaguar Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот (IDD)1 и Системот за прилагодување кон површината (AdSR)5 кај бензинските модели и кај моделите со дизел мотор. Ексклузивно развиен од Jaguar, уникатниот софтвер IDD се карактеризира со софистицирани алгоритми за да може интелигентно да реагира на условите на патот. Системот работи со предвидување а има и брза реакција, се грижи да не ја изгубите тракцијата наместо да работи за да ја добиете повторно. Надополнувајќи ја способноста на XF, системот AdSR може да работи на секаков број на вртежи на моторот, автоматски препознавајќи ги разликите помеѓу површините за да го искористи максимално расположивиот зафат на тркалата со површината.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)

Уникатен во оваа класа на автомобили, системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC)6 на Jaguar ви дава дополнителна сигурност во лизгави услови - тргнување на патека покриена со снег, возење на наклон со мраз на коловозот, дури и при влечење по мокра трева. ASPC е систем за контрола на мала патна брзина којшто се грижи XF да ги надмине ситуациите со мала тракција, без оглед на временските услови, и да ви овозможи да се концентрирате на управувањето.

Повеќе

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

Електричниот серво управувач (EPAS) на XF нуди извонредена повратна информација, контрола и моментна помош за управувањето. Овозможувајќи софистицирана компјутерска контрола за да се прилагоди нивото на поддршка за управувањето, EPAS фино го одредува износот на помош за управувањето во секој свиок и за секое маневрирање. EPAS исто така работи заедно со другите карактеристики за помош во автомобилот, вклучувајќи ги Помош за задржување во коловозна лента (LKA)8 и системот Помош при паркирање8, за да понуди повисоко ниво на безбедност и да ја зголеми удобноста на возачот.

Повеќе
JAGUARDRIVE CONTROL

JAGUARDRIVE CONTROL

JaguarDrive Control ви овозможува да изберете Стандарден, Еко, Динамичен или режимот Дожд Мраз Снег, и секој од нив суптилно ги менува управувањето, реакцијата на гаста и моментите за менување степен на пренос. Еко режимот го поддржува штедливото возење додека динамичниот режим ја заострува реакцијата на гаста, го продолжува задржувањето во одреден степен на пренос и го прави управувањето потврдо. Преку избирање на режимот Дожд Мраз Снег, системот автоматски го придушува забрзувањето и нанесува постепено зголемување на тракцијата во лизгави услови.

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

Креирајте свој модел

1 Во зависност од пазарот.
2 Податоците за перформансите на моторот и потрошувачката на гориво се однесуваат само на седан верзијата XF Saloon.
4 Достапно кај 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS и 2.0-литарски 4-цилиндричен 180PS Ingenium дизел мотори со турбо полнач.
5 AdSR е опционален кај возилата со Погон на сите тркала опремени со Прилагодлива динамика.
6 Само со автоматска трансмисија.
7 Опционално кај сите мотори освен кај 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS дизел мотор. Стандард кај XF S.
8 Опционална карактеристика.