• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ОПРЕМА - ДОДАТОЦИ НА JAGUAR

Скројте го XF според вашиот животен стил. На располагање ја имате широката палета од практични и стилски додатоци.

Со додатоците на Jaguar можете да ставите личен белег во вашиот XF. Овие додатоци можат да го надградат вашиот XF на многу начини. Независно од тоа дали треба да го покажат вашиот стил, да ги задоволат барањата за практичност или да се погрижат за вашето уживање во слободното време. Нашите најпопуларни додатоци ги групиравме за вас во четири пакети: Carbon Fibre, Styling, Lifestyle и Business. Изберете еден од овие пакети или направете ја вашата совршена комбинација од поединечни додатоци.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ

ПАКЕТ CARBON FIBRE

Со овие елегантни стилски надградби го истакнувате спортскиот карактер на XF.

ПАКЕТ CARBON FIBRE:

ПАКЕТ CARBON FIBRE:

Надградете ја спортската појава на XF со помош на овие додатоци инспирирани од перформансите. Куќишта на ретровизорите и странични отвори за вентилација од карбонски влакна со висок квалитет. Во кабината, луксузните подни простирки додаваат детаљ за зголемување на комфорот и стилот.

Креирајте свој модел

Play

ПАКЕТ STYLING

Овие додатоци на суптилен начин го збогатуваат уникатниот изглед на XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПАКЕТ STYLING:

Уживајте додека ги привлекувате погледите со овие куќишта на ретровизорите и странични отвори за вентилација во бојата Gloss Black.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПАКЕТ LIFESTYLE

Со кој и да било спорт или хоби да се занимавате, овие додатоци ќе се погрижат потполно да уживате во своите активности додека тие го штитат вашиот XF одвнатре и однадвор.

ПАКЕТ LIFESTYLE:

Извлечете повеќе од вашиот XF со овој пакет. Напречните кровни носачи со знакот на Jaguar ви овозможуваат да превезувате сѐ, од спортска опрема до багаж. Предните и задните калници се дополнителна заштита од нечистотија и камчиња коишто ја оштетуваат бојата на вашиот XF. За внатрешноста, гумена подна простирка во багажниот простор и комплет од гумени подни простирки обезбедуват заштита од абење, едноставни се за чистење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПАКЕТ BUSINESS

Со овој пакет од додатоци вашите лични работи ќе се одржуваат средени, чисти и безбедни.

ПАКЕТ BUSINESS:

Закачалката за алишта којашто се поставува на наслонот за глава се грижи вашите алиштата да не се гужваат. Првокласен џеб за одлагање предмети на задната страна од наслонот на седиштето нуди дополнителен простор за организирање и складирање поголеми предмети, како патни карти.

ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
Кога го креирате вашиот XF, можете да го изберете вашиот модел на XF и да го збогатите со опции и додатоци по ваша желба.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ