• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

XE

Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан произведен од Jaguar досега.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 126 со рачна трансмисија
Од 135 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 4.8 со рачна трансмисија
Од 5.1 со автоматска трансмисија

СПОРТСКИОТ СЕДАН РЕДЕФИНИРАН

Со самоуверен изглед и агилно возење, XE е веднаш препознатлив како Jaguar. Се чувствува како Jaguar, вози како Jaguar - XE е Jaguar до срж.

Креирајте свој модел

ЕФИКАСНОСТ И ПЕРФОРМАНСИ

XE го сече воздухот со коефициент на отпор од 0,26. Перформансите на аеродинамиката се совпаѓаат со перформансите на моторот. Бензинскиот 4-цилиндричен мотор Ingenium со зафатнина од 2.0 литри со трубо полнач и моќност од 300PS развива исклучително практични моќност и вртежен момент. За одлично забрзување и беспрекорно претекнување, максималниот вртежен момент е достапен во подрачјето од 1500 до 4500 врт/мин.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА МОТОРОТ

ДИНАМИЧКИ ПРОПОРЦИИ

XE веднаш паѓа во око - издвојувајќи се од конкуренцијата со одличните пропорции и чистите површини коишто го формираат јадрото на дизајнот на Jaguar.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

ТЕХНОЛОГИЈАТА INCONTROL

InControl е нашиот пакет од напредни технологии што ве поврзува вас и вашиот XE со останатиот свет. InControl се карактеризира со интуитивни и напредни интегрирани технологии со што гарантира дека секој може да ужива на свој начин во патувањето. Екранот Touch Pro од 10” поставен во срцето на централната конзола ги поддржува гестикулациите со поминување со прст и штипнување и нуди богата аудио-визуелна забава и навигација.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО АВТОМОБИЛ

XE: ПОИНТЕЛИГЕНТНИОТ ИЗБОР

Со своите иновативни и интелигентни технологии за одржување на минимални трошоци за експлоатација, како и конкурентни проценки за осигурителна група - XE е навистина поинтелигентиот избор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

НАЈДОБРА ОЦЕНКА ВО КЛАСАТА НА EURO NCAP ТЕСТОТ

XE не само што беше награден со максималната оценка за безбедност од 5 ѕвезди, во времето на тестирањето, XE беше и најбезбедниот автомобил во категоријата големи семејни автомобили, триумфирајќи на престижните награди на Euro NCAP за Најдобри автомобили во категорија за 2015 година. 

За да се постигне ниво на безбедност коешто е најдобро во класата и да се добие максимална оценка од 5 ѕвезди во тестовите на Euro NCAP, XE нуди извонредна заштита од судар, со високи резултати во сите категории, вклучувајќи ги категориите за безбедност на Патник и на Пешак. 

XE е опремен со палета на системи за активна безбедност вклучително системот Итно кочење за дополнително унапредување на нивото на безбедност од светска класа.

ПОСЕТЕТЕ ЈА ВЕБ-ЛОКАЦИЈАТА НА EURO NCAP
XE ЗА БИЗНИС

XE ЗА БИЗНИС

XE е дизајниран од горе до долу имајќи ги на ум потребите на бизнисот. Нуди висококонкурентни вкупни трошоци за поседување (TCO), со емисија на CO2 од 106g/km и потрошувачка на гориво од 4,1l/100km.

XE LANDMARK EDITION

Дизајниран да се истакнува со уникатниот стил на каросеријата и ексклузивните тркала од 18 инчи.

ИСТРАЖЕТЕ ГО XE LANDMARK EDITION

JAGUAR XE СЕРИЈА

Пронајдете ја вашата рамнотежа од ефикасност, перформанси и луксуз со
серијата модели XE.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ XE МОДЕЛ
XE SV PROJECT 8

XE SV PROJECT 8

Најекстремната изведба на Jaguar досега.

XE PURE

Суштината на XE - перформанси фокусирани кон возачот, со легендарната префинетост на Jaguar.

XE PRESTIGE

За дополнителен луксуз, со внатрешност прекрасно изработена од најфините материјали.

XE PORTFOLIO

Кулминација од луксуз во XE, со елеганција и софистицираност во своето срце.

XE R-SPORT

Самоуверен спортски стил, со спортски декоративни елементи на надворешноста и спортски седишта со прилагодување во осум насоки.

XE LANDMARK EDITION

Нова, ексклузувна комбинација на динамички спортски стил и префинетост.

XE 300 SPORT

Стилски и самоуверен избор, со уникатна комбинација на впечатливи дизајнерски детали.

XE S

Чисти спортски перформанси со неверојатниот 3.0-литарски V6 380PS мотор со компресор.

* Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.