Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ВНАТРЕШНОСТ

Фокусиран, прецизен и прекрасно изработен. XE е место за инспирација за возачот и патниците.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ВО СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

Поврзете се со XE од моментот кога ќе седнете во обликуваните седишта - во Jaguar се седи ниско. До вас е подигнатата централна конзола којашто ви дава чувство дека сте во спортски кокпит, додека скалестата инструмент табла елегантно се простира пред вас. Секој елемент за контрола ви е на дофат на раката.

Креирајте свој модел

РАЗЛИКАТА Е ВО ДЕТАЉОТ

РАЗЛИКАТА Е ВО ДЕТАЉОТ

XE 300 SPORT не ги следи трендовите, тој ги поставува. Двојното порабување со жолта боја дава смел визуелен контраст во внатрешноста, со што се добива уникатен, спортски изглед.

ЛУКСУЗНА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

Уникатната скалеста инструмент табла на XE елегантно се простира пред вас, обезбедувајќи чувство на пространост.

XE ОЖИВУВА

XE ОЖИВУВА

Пулсирајќи во ритамот на срцето, копчето Start кај XE создава емоцинална врска меѓу вас и вашиот автомобил. Неговиот ритам од 72 двојни отчукувања во минута е истиот како кај дивата мачка јагуар во мирување. Притиснете го копчето Start и XE ќе се разбуди, стрелките се поместуваат*, моторот ’ржи. Кај автомобилите со автоматска трансмисија, JaguarDrive Control се подига и ви пружа рака за поздрав.

*Поместување на стрелките не е достапно кога е специфициран опционалниот интерактивен дисплеј за возачот.

НАЈФИНИТЕ ДЕТАЛИ

Кожата ја набавуваме од најдобрите добавувачи од Велика Британија и Италија, и таа е природна, мека на допир. Порабувањето со двојни шевови не само што ја зголемува издржливоста, туку се нуди и во контрастни бои коишто го дефинираат луксузот во внатрешноста на XE.

Креирајте свој модел
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Кабината на XE е ваш простор за којшто можете да создадете уникатен изглед и чувство. Обезбедуваме првокласен квалитет, современи материјали и прецизна мајсторска изработка - опишете ни ја вашата идеалена внатрешност. Глатките модерни фурнири заедно со висококвалитетните текстилни и кожни тапацири ви стојат на располагање за да се надополни спектарот на тематски бои.

СЕДИШТА 300 SPORT

Обликуваните спортски седишта со втиснат натпис 300 SPORT и завршна обработка со впечатливо порабување со контрастна жолта боја ѝ даваат посебен изглед и чувство на внатрешноста на XE 300 SPORT.

ИСТРАЖЕТЕ ГО XE 300 SPORT
ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ

ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ

Во секој дел од XE природните форми на внатрешната архитектура ѝ се предаваат на широката палета од современи или традиционални материјали и завршни обработки. Отворите за вентилација во бојата Satin Chrome на краевите на инструмент таблата на XE, се вгнездуваат во рамките на вратите. Осветелни одзади со опционалното внатрешно осветлување на XE, тие ја нагласуваат и ширината на кабината и нашето исклучително внимание кон деталите.

КОМФОР ЗА ПАТНИЦИТЕ

КОМФОР ЗА ПАТНИЦИТЕ

Со должина од 4672mm и ширина од 1850mm (без ретровизорите), на задните седишта во XE може комфорно да седат три возрасни лица. Багажниот простор со зафатнина од 455 литри, нуди голем простор и за багажот.

СТАНДАРДНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ПРОСТОРИ ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО ВНАТРЕШНОСТА

ПРОСТОРИ ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО ВНАТРЕШНОСТА

Ергономскиот дизајн обезбедува практични простори за одлагање предмети низ целата внатрешност на XE. Во таванската конзола има простор за одлагање на наочари за сонце, во централната конзола има полица димензионирана за одлагање на паметен телефон, во наслонот за раце има просторна касета, а во секоја врата има дополнителен простор за одлагање предмети.

ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО ВРАТИТЕ

ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО ВРАТИТЕ

Обилниот и корисен простор за одлагање предмети во предните и во задните врати се грижи вашиот XE да биде секогаш среден.

ПРИКЛУЧНИЦИ 2x 12V

ПРИКЛУЧНИЦИ 2x 12V

Во XE се вградени приклучници 2x 12V како дел од стандардната опрема - совршено решение кога треба да полните неколку уреди.

Серијата XE ги комбинира перформансите, напредната технологија и уникатниот дизајн, сето тоа поткрепено со алуминиумската конструкција со мала тежина. Создајте го вашиот совршен XE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел