Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ ВО JAGUAR XE

XE е опремен со најновата технологија и се грижи за вашата безбедност, забава и поврзливост.

ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR

Од исцрпни мултимедијални технологии до прецизно создадени аудио системи и интелигентни системи за помош на возачот - XE е дом за мноштво иновативни и беспрекорно интегрирани технологии.

Креирајте свој модел
TOUCH PRO

TOUCH PRO

Унапредувајќи ја технологијата на XE до највисокото ниво, Touch Pro има екран на допир од 10 инчи со молневита реакција. Во карактеристиките на Touch Pro спаѓа приспособлив почетен екран и природна интеракција со дијалог.

ДВОЕН ПОГЛЕД*

Системот Двоен поглед им овозможува на совозачот и на возачот да уживаат во различни медиуми на истиот екран на допир од 10 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки) додека возачот ја гледа навигацијата.

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ*

ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ*

12,3-инчниот интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција во XE се карактеризира со графички интерфејс со напредна функционалност за да го направи возењето уште попријатно. Прилагодлив за да одговара на вашите желби, ви овозможува да изберете една од четирите теми на дисплејот и режим за мапа

WI-FI ХОТ-СПОТ

WI-FI ХОТ-СПОТ

Со поврзување со локалната 4G мрежа преку моќната надворешна антена на XE, Wi-Fi хот-спот се грижи вие и вашите сопатници да бидете поврзани. Истовремено можат да се употребуваат до осум уреди, со што секој во автомобилот може да биде во контакт со работните и животните активности и забавата за време на патувањето.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Опционалниот Head-Up Дисплеј (HUD) со ласерска технологија ги проектира главните информации врз ветробранското стакло. Кадешто е достапно, податоците од системот Препознавање сообраќаен знак, брзината на возилото, известувањата од системот за навигација и од системот за контрола на патната брзина се проектираат јасно дури и при директна сончева светлина. Системот HUD се грижи да го минимизрате времето што ви е потребно за гледање надолу, кон групата инструменти.
Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

Повеќе
АУДИО

АУДИО

XE ви нуди серија од напредни аудио системи, вклучувајќи го аудио системот на Jaguar од 125W со шест звучници. Meridian AudioTM обезбедува збогатено аудио доживување. Изберете помеѓу аудио системот Meridian или аудио системот Meridian со опкружувачки звук. Со аудио системот Meridian со опкружувачки звук со моќност од 825W ќе уживате во богато, задлабочувачко аудио доживување, каде и да седите во автомобилот, благодарение на распоредот на 16-те звучници и сабвуферот.

КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ И ВО СООБРАЌАЈОТ

XE ви донесува на дофат на раката лепеза од елементи за помош на возачот за да ви овозможи побезбедно доживување при секое патување. Со помош на најновите иновативни технологии, овој пакет од карактеристики се грижи да се избегнат ситуациите за потенцијален судар и управува со спектар од различни сценарија за возење.

АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ**

Во случај да се забележи потенцијален судар, XE издава звучно предупредување за челен судар. Потоа, следат визуелни предупредувања во групата инструменти. Ако возачот воопшто не реагира, системот ќе го активира кочењето за да се намали тежината на можниот судар. 

** Стандардна карактеристика (зависи од пазарот).

Повеќе

Серијата XE ги комбинира перформансите, напредната технологија и уникатниот дизајн, сето тоа поткрепено со алуминиумската конструкција со мала тежина. Создајте го вашиот совршен XE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел