• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

НАДВОРЕШНОСТ

Еден брз поглед кон XE и знаете дека тоа може да биде само Jaguar.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 99 со рачна трансмисија
Од 106 со автоматска трансмисија

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km (mpg)

Од 3,8 (75.0) со рачна трансмисија
Од 4,1 (68.9) со автоматска трансмисија

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Обликот на XE е строго оптимизиран за да се добие аеродинамична ефикасност и стабилност. Тој го сече воздухот - намалувајќи ги потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови. Секој елемент го искористува максималниот потенцијал на аеродинамиката на надворешноста задржувајќи ги чудесните пропорции на XE.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА

Аеродинамиката е клучна функција на дизајнот на каросеријата на XE и овозможува импресивен коефициент на отпор на воздухот од Cd 0,26. Дури и заштитата под каросеријата, инспирирана од спортските автомобили, и дифузерот се дизајнирани за да го направат XE што е можно поефикасен, поекономичен и порафиниран.

ПРЕДЕН ДЕЛ

Извајаната хауба се простира наназад од уникатните фарови со „Ј“ потпис* - насочувајќи ги воздушните струи над и околу каросеријата и минимизирајќи го отпорот на воздухот.
XE се склупчува, спремен е за скок. 
*Опционална карактеристика (стандардна опрема кај моделите Portfolio, Landmark Edition, 300 SPORT и S)

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

СТРАНИЧЕН ДЕЛ

Со аеродинамичен облик за непречено простирање на воздухот наназад кон опашката, издигнатата странична линија на XE дава чувство на динамика, дури и кога автомобилот стои во место. Хромираните странични отвори за вентилација, на коишто е втиснато името Jaguar, намерно алудираат на F-TYPE - како и познатиот заоблен лак на Jaguar којшто се простира околу страничните прозорци.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

ЗАДЕН ДЕЛ

Еден брз поглед кон препознатливите задни крила и знаете дека тоа може да биде само Jaguar - намерно пресечениот заден дел на XE има краток препуст, подвлекувајќи ги перформансните карактеристики на автомобилот и унапредувајќи го струењето на воздухот.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
КАПАК НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

КАПАК НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

Капакот на багажниот простор со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација* му овозможува на возачот да ракува со капакот на багажниот простор од тротоарот, без да има потреба физички да го допре возилото или клуч картичката. Едноставно, поставете го вашето стапало под еден од задните агли на автомобилот и капакот на багажниот простор се отвора или се затвора.

*Ги бара функциите Влегување без клуч и Елементи за помош при паркирање наназад

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ НА JAGUAR XE

XE 300 SPORT

Се карактеризира со бројни подобрувања на надворешноста, вклучувајќи ја украсната маска со беџот 300 SPORT и уникатните странични отвори во крилата во бојата Dark Satin Grey.

ИСТРАЖЕТЕ ГО XE 300 SPORT
ХРОМИРАНИ СТРАНИЧНИ ОТВОРИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА

ХРОМИРАНИ СТРАНИЧНИ ОТВОРИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА

Мрежестите странични отвори за вентилација со хромирана рамка, во којашто е втиснат натписот Jaguar, го нагласуваат спортскиот карактер на XE.

ХРОМИРАН СТРАНИЧЕН ЛАК

ХРОМИРАН СТРАНИЧЕН ЛАК

Обезбедувајќи визуелна целина на кабината, стаклата на страничните прозорци се врамени со хромирана профилна лента.

ЗАДНИ КРИЛА

ЗАДНИ КРИЛА

Еден брз поглед кон затегнатите задни крила на XE и совршено одмерениот препуст - и знаете дека тоа може да биде само Jaguar. Само Jaguar, којшто повеќе од десет години е еден од водечките во производството на автомобили со алуминиумска конструкција, ги има технологијата и стручното знаење да создаде такви остри рабови.

ЛЕГЕНДАРНИ КРАЈНИ СВЕТЛА

ЛЕГЕНДАРНИ КРАЈНИ СВЕТЛА

Земајќи ги своите дизајнерски детали од F-TYPE, легендарните крајни светла на XE се карактеризираат со уникатен декоративен кружен дел пресечен со хоризонтална линија.

Серијата XE ги комбинира перформансите, напредната технологија и уникатниот дизајн, сето тоа поткрепено со алуминиумската конструкција со мала тежина. Создајте го вашиот совршен XE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел