• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

ТЕХНОЛОГИЈА НА МОТОРОТ НА JAGUAR XE

Својата моќност XE ја добива од високонапредните бензински и дизел мотори.

ПЕРФОРМАНСИ И ЕФИКАСНОСТ

Без оглед на тоа дали ќе ги изберете нашите најнови високотехнолошки дизел мотори Ingenium или претпочитате бензински мотори, секој од нив нуди перформанси, префинетост и економичност за да одговараат на секаков стил на возење.

Креирајте свој модел

ИНТЕЛИГЕНТНИ ПЕРФОРМАНСИ

Моторите на XE се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија од кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење.

*Во зависност од пазарот

Креирајте свој модел
СЕРИЈАТА INGENIUM

СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е нов тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, префинетост и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium има импресивни ниски вредности за потрошувачката на гориво и за емисијата на CO2 .

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

INGENIUM - БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

XE нуди неколку бензински мотори, меѓу коишто се и три од нашата серија Ingenium. Овие 2.0-литарски 4-цилиндрични бензински мотори Ingenium со турбо полнач со моќност од 200PS, 250PS или 300PS развиваат извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

INGENIUM -ДИЗЕЛ МОТОРИ

INGENIUM -ДИЗЕЛ МОТОРИ

Три дизел мотори во серијата XE се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start* и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење.
*Во зависност од пазарот

МОЌНИ МОТОРИ

МОЌНИ МОТОРИ

3.0-литарскиот 380PS V6 бензински мотор со компресор беше прилагоден за посебните барања на моделот XE. Рутов завоен компресор со два ротора е монтиран во „V“ делот меѓу двата реда на цилиндри за да се задржат компактните димензии. Обезбедува линеарно развивање на моќноста и ја максимира брзата реакција на вртежниот момент на моторот.

ENGINE RANGE

Истражете ги комплетните спецификации на XE вклучувајќи ги податоците за моторот и трансмисијата.

Креирајте свој модел
АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Обезбедувајќи брза промена на степените на пренос за да се постигне беспрекорно забрзување, автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XE има брза реакција и мирна и ефикасна работа. Со современиот вртлив селектор во бојата Satin Black - трансмисијата нуди уште побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kick-down“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим и порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот. Може да изберете и рачно менување на степените на пренос, преку лопатките поставени на воланот, со еден допир на прстот.

Серијата XE ги комбинира перформансите, напредната технологија и уникатниот дизајн, сето тоа поткрепено со алуминиумската конструкција со мала тежина. Создајте го вашиот совршен XE со помош на нашиот конфигуратор.

Креирајте свој модел