Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Услови и околности

Услови за регистрација на I‑PACE Concept Reveal и на „И јас сакам еден“

  1. Овие услови се применуваат при користење на промотивните средства на JLR I‑PACE Concept Reveal од страна на клиентот, придружната документација и рекламирањето, како и при регистрацијата на клиентот со функцијата „И јас сакам еден“.

2.Погодности за клиентот.

Со регистрирањето на „И јас сакам еден“:-
а. Ќе се внесат деталите за клиентот во базата на податоци за клиентите „прв на пазар“ за земјата на клиентот, со цел да се нарача сериското возило. Регистрацијата е лична за тој клиент и не може да се пренесе на ниедна друга странка под никакви околности.
б. Клиентот ќе добие податоци за возилото и информации за поднесување нарачка (ако регистрацијата „прв на пазар“ сѐ уште важи во време на формалното лансирање на производството);
в. Клиентот ќе добива редовни информации аа објавените спецификации за I‑PACE, распоред за производство, контакт и поддршка со најблизок продавач;
г. Клиентот ќе добива крајни производни спецификации и опции, директно или преку најблискиот продавач откако ќе започне процесот за нарачување
д. Ќе може да се поништи регистрацијата на „И јас сакам еден“ во секое време пред каква било обврзувачка нарачка за купување на сериско возило.

3.Прикажување во слики.
Фотографиите што се користат за I‑PACE Concept reveal се базирани на идејно возило пред производство. Од клиентите нема да се бара да дадат обврзувачка нарачка за сериско возило сѐ додека додека не им се достапни целосната производна спецификација и сите опции.

4.Производни спецификации.

Сериското возило може да има измени во крајниот стил, завршната обработка и опремата, и покрај тоа што „изгледот и чувството“ ќе бидат блиски до наведените на идејното возило. Производните барања можат да влијаат на детали од површините и седиштата/опремата. Инструмент таблата и конзолата ќе бидат опремени со неопходните елементи за контрола и дисплеи.

5.Процес на продажба, нарачки и трошоци/депозити.

Промоцијата на I‑PACE Concept Reveal и регистрацијата на „И јас сакам еден“ не се понуда за продажба, нарачка за купување од страна на клиентот или договор во насока на снабдување на какво било сериско возило кога ќе се пушти во промет.

  1. Клиентот е согласен дека неговите детали треба да се проследат до најблискиот/избраниот продавач. Клиентот прифаќа дека ако тој продавач не се држи до избраното/договореното електрично возило тогаш нарачката и испораката на возилото ќе се пренесат на соодветна алтернатива.

  2. Продавачот може да бара трошоци/депозити за резервација во согласност со неговите процедури за маркетинг и продажба.

  3. Секоја таква резервација, нарачки и придружни договори и обврски за снабдување ќе бидат меѓу клиентот и продавачот под условите и околностите за продажба дадени од страна на продавачот.

9.Перформанси/спецификации.

Сѐ додека не се достапни потврдени и сертифицирани вредности за производниот тип, сите вредности се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Нема да се прифаќаат нарачки од клиенти сѐ додека не се достапни официјални потврдени вредности.

10.Дополненија/измени.

I‑PACE Concept reveal, неговите слики, описи и цени се презентирани со намера да се укаже на возбудливите перспективи за сериско возило. JLR го задржува правото за менување, дополнување или повлекување на кој било елемент во меѓувреме (пред какви било обврзувачки нарачки од клиентите), особено но не ограничено на околности што произлегуваат од измени во законодавството или во регулативите, влијанието на пазарот на материјали и производни или сервисни барања во врска со сериското возило или неговите функции и компоненти.