Logo jaguar mobile
  • Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    Целосно новиот E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

УСЛОВИ И ОКОЛНОСТИ

УСЛОВИ И ОКОЛНОСТИ

Услови за регистрација на F-PACE SVR Reveal и на „И јас сакам еден“

  1. Овие услови се применуваат при користење на промотивните средства на F-PACE SVR Reveal од страна на клиентот, придружната документација и рекламирањето, како и при регистрацијата на клиентот со функцијата „И јас сакам еден“. 

  2. Погодности за клиентот.  
    Со регистрирањето на „И јас сакам еден“:
    а. Ќе се внесат деталите за клиентот во базата на податоци за клиентите „прв на пазар“ за земјата на клиентот, со цел да се нарача сериското возило. Регистрацијата е лична за тој клиент и не може да се пренесе на ниедна друга странка под никакви околности.  
    б. Клиентот ќе добие податоци за возилото и информации за поднесување нарачка (ако регистрацијата „Прв на пазар“ сѐ уште важи во време на формалното лансирање на производството);
    в. Клиентот ќе добива редовни информации аа објавените спецификации за F-PACE SVR, распоред за производство, контакт и поддршка со најблизок продавач;
    г. Клиентот ќе добива крајни производни спецификации и опции, директно или преку најблискиот продавач откако ќе започне процесот за нарачување;  
    д. Ќе може да се поништи регистрацијата на „И јас сакам еден“ во секое време пред каква било обврзувачка нарачка за купување на сериско возило.  

  3. Производни спецификации.  
    Сериското возило може да има измени во крајниот стил, завршната обработка и опремата, и покрај тоа што „изгледот и чувството“ ќе бидат блиски до наведените на промотивното возило. Производните барања можат да влијаат на детали од површините и седиштата/опремата. Инструмент таблата и конзолата ќе бидат опремени со неопходните елементи за контрола и дисплеи. Од клиентите нема да се бара да дадат обврзувачка нарачка за сериско возило сѐ додека не им се достапни целосната производна спецификација и сите опции.

  4. Процес на продажба, нарачки и трошоци/депозити.  
    Промоцијата на F-PACE SVR reveal и регистрацијата на „И јас сакам еден“ не се понуда за продажба, нарачка за купување од страна на клиентот или договор во насока на снабдување на какво било сериско возило кога ќе се пушти во промет.  

  5. Продавачот може да бара трошоци/депозити за резервација во согласност со неговите процедури за маркетинг и продажба.  

  6. Секоја таква резервација, нарачки и придружни договори, како и обврски за снабдување ќе бидат меѓу клиентот и продавачот под условите и околностите за продажба дадени од страна на продавачот. 

  7. Перформанси/спецификации.  
    Сѐ додека не се достапни потврдени и сертифицирани вредности за производниот тип, сите вредности се проценки на произведувачот врз основа на најдобрите информации кои се достапни при издавањето. Нема да се прифаќаат нарачки од клиенти сѐ додека не се достапни официјални потврдени вредности.  

  8. Дополненија/измени.  
    F-PACE SVR reveal, неговите слики, описи и цени се презентирани со намера да се укаже на возбудливите перспективи за сериско возило. JLR го задржува правото за менување, дополнување или повлекување на кој било елемент во меѓувреме (пред какви било обврзувачки нарачки од клиентите), особено но не ограничено на околности што произлегуваат од измени во законодавството или во регулативите, влијанието на пазарот на материјали и производни или сервисни барања во врска со сериското возило или неговите функции и компоненти.

  9. Политика на приватност.
    Jaguar Land Rover Limited ја почитува приватноста на секое лице кое ги посетува неговите веб-локации. Која било информација којашто е добиена за вас ќе се искористи за да се исполни која било услуга што ќе ја побарате, за да ве информираме за нови производи и услуги, а и за да го унапредиме начинот на којшто ве опслужуваме. Вашите податоци ќе се третираат во согласност со односните законски одредби на Европската Унија и на локалната држава. Вашите податоци нема да бидат изложени за никого надвор од Jaguar Land Rover, неговите здружени компании и неговите продавачи, агенции и лиценцирани партнери на која и да било од овие компании и кои било други компании со кои Jaguar Land Rover директно или индиректно организирал сервис во ваша полза. Дополнителни информации во врска со начинот на којшто ракуваме со вашите лични податоци има во нашата Политика за приватност.