ПОБЕДНИЧКА ФОРМУЛА

Jaguar TCS Racing пристигнува во осмата сезона на АББ светскиот шампионат на ФИА во Формула Е со возачите Мич Еванс (Mitch Evans) и Сем Бирд (Sam Bird) коишто ќе управуваат со целосно електричниот тркачки атомобил Jaguar I‑TYPE 5.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ

Нашите возачи, инженери и техничари од светска класа ја споделуваат желбата за успех, што се совпаѓа само со нивниот талент, упорност и стил.

СЕМ БИРД (SAM BIRD) - ВОЗАЧ

СЕМ БИРД (SAM BIRD) - ВОЗАЧ

Британскиот возач на тркачки автомобили Сем Бирд (Sam Bird) му се придружи на тимот Jaguar Racing пред почетокот на седмата сезона на АББ светскиот шампионат на ФИА во Формула Е. Сем има 34 години и е единствен возач што се натпреваувал во секоја трка од почетокот на пионерската серија во 2014 година. Има вкупно 11 победи, а последните му се во Дирија и Њу Јорк за тимот Jaguar Racing.
МИЧ ЕВАНС (MITCH EVANS) - ВОЗАЧ

МИЧ ЕВАНС (MITCH EVANS) - ВОЗАЧ

Мич започнал со картинг од својата шеста година, а на возраст од 16 години победи на Големата награда на Нов Зеланд. Своето деби во АББ светскиот шампионат на ФИА во Формула Е го направи во 2016 година со Jaguar Racing кога британскиот тим им се врати на трките. Неодамна во седмата сезона пет пати се искачи на победничкиот подиум и заврши на 4 место во генералниот пласман за возачи во шампионатот што беше негов нејвисок пласман досега. Исто така, тој постигна најбрзи кругови на трките во Рим, Њу Јорк и Лондон.
ЏЕЈМС БАРКЛИ (JAMES BARCLAY) - ДИРЕКТОР НА ТИМОТ

ЏЕЈМС БАРКЛИ (JAMES BARCLAY) - ДИРЕКТОР НА ТИМОТ

Во ноември, 2015 година Џејмс беше избран за Директор на тимот на програмата на Jaguar за АББ светскиот шампионат на ФИА во Формула Е и беше одговорен за возбудливото враќање на британскиот бренд во автомото спортот. Во изминативе пет сезони Џејмс го надгледуваше развојот на Jaguar Racing и го водеше тимот како на патеката така и надвор од неа. ​

JAGUAR I-TYPE 5

Овој тркачки автомобил е дизајниран за да ја обезбеди врвната рамнотежа на моќност и ефикасност. Од 0 до 100km/h (0-60mph) забрзува за 2,8 секунди и има максимална моќност од 250kW.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ТРКАЧКА ДНК

Репутацијата на Jaguar за перформанси, технологија и дизајн е искалена низ најпредизвикувачките патеки и првенства во светот.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

ПРОМОТИВНИ ПРОИЗВОДИ

Не мора да бидете возач за да бидете дел од трките. Прегледајте ја нашата онлајн продавница и пронајдете го совршениот подарок за Вас или за Вашите блиски.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН JAGUAR I‑PACE

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН JAGUAR I‑PACE

Возбудлив за возење и поврзан како никогаш досега, I‑PACE е најдобриот целосно електричен SUV со врвни перформанси.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ