Возбудувачка моќност и динамика. Нулта емисија на издувни гасови. Сѐ што би можеле да очекувате од целосно електричен SUV на Jaguar со високи перформанси.
Беспрекорно интегрираните технологии овозможуваат едноставно контролирање на функциите на I‑PACE и на Вашите поврзани уреди.
Полнењето најдобро е да се изведува преку ноќ кога Вашиот автомобил е паркиран. Додека се одморате и релаксирате, I-PACE безбедно се полни и се подготвува за следниот ден.
Скројте го I-PACE по Ваш вкус преку понудените модели, мотори и пакети на спецификации.
Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, состојбата, температурата и постоечкиот степен на енергетско напојување на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.
*Со помош на брз полнач со еднонасочна струја - DC со моќност од 100kW
.
††Погледнете ги WLTP вредностите.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
2Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
3Се применува политика за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на jaguar.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.
4Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar. Апликацијата Jaguar Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.
5Клучот за активирање може да се наполни за 1 час и обезбедува работен век на батеријата до 7 дена.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата на купување, од варијантата на моторот и трансмисијата.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.
Meridian е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.