Заштитните рамки при превртување се битна безбедносна карактеристика кај моделите Convertible, а и функционираат соодветно. Завршната обработка е во Satin Chrome или во црната боја Gloss Black.
Опционалните нови Пиксел ЛЕД фарови кај F-TYPE се карактеризираат со интелигентна технологија што овозможува разделување на долгите светла за да се избегне заслепувањето на останатите возачи. Долгото светло ја прилагодува ширината и длабочината на својот сноп во однос на вашата брзина, или кога вртите во свиок, снопот го следи свиокот на патот и гарантира поголема видливост во сите ситуации.
F‑TYPE е автомобил за возачот. Без сомнените. Напредните безбедносни сиситеми и системите за помош на возачот се грижат да се фокусирате на апсолутното задоволство во возењето.
Не постои погрешен одговор кога избирате помеѓу Coupé и Convertible.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.
Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.