ПЕРФОРМАНСИ

Ви претстои возбудување.

ОД ЗАЧУДУВАЧКИ МОТОРИ ДО МОТОРИ ШТО ЕДНОСТАВНО ЌЕ ВЕ ОСТАВАТ БЕЗ ЗДИВ

Погонска единица во F‑TYPE се највозбудливите бензински мотори на Jaguar. Сите се карактеризираат со иновативни технологии за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 без да се нарушат перформансите.

СЛУШНЕТЕ ОДБЛИЗУ

Сите модели, од 4-цилиндричниот мотор со моќност од 300PS до V8 моторот со моќност од 575PS, имаат активен спортски издувен систем. Изберете ја опцијата со променлив издувен систем, овозможува вклучување и исклучување на системот, така што ќе можете да „згрмите“ со издувниот систем на секаков број на вртежи на моторот.

i4 300PS

i4 300PS

Силни перформанси со префинетост и ефикасност. 2.0-литарскиот 300PS 4-цилиндричен бензински мотор со турбо полнач развива исклучителна моќност и нуди динамична управливост.
V8 450PS

V8 450PS

Забрзување од 0 до 100km/h за 4,4 секунди и исклучително брза рекација на моторот. Во понудата е погон на задните тркала или погон на сите тркала за врвни перформанси. 
V8 575PS

V8 575PS

Нуди уште поголеми перформанси во секакви услови без да се наруши луксузот во возењето што е стандард за Jaguar. Достапен е ексклузивно со моделот F-TYPE R-DYNAMIC.

БЕСТРАШНО ДОЖИВУВАЊЕ

Најкраткото растојание помеѓу две точки е права линија. Но, каде е тука забавата? Шасија со прекрасни пропорции, стегнато потпирање и волан со брза реакција. Ова е комбинацијата што го прави F‑TYPE неверојатно агилен и го држи цврсто на патот по којшто возите.

ИНСТИНКТИВНИ ПЕРФОРМАНСИ

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Погонот на сите тркала со системот Интелигентна динамика на погонот кај F‑TYPE нуди перформанси со совршена урамнотеженост што овозможува доверлива управливост за патот што е пред вас.
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

F‑TYPE користи систем за кочење со поединечна контрола на внатрешните тркала за да се максимира способноста дури и во најтесните свиоци. Преку намалување на подуправувањето, се добива спортска агилност и дополнителна самодоверба на возачот.
ЕЛЕКТРОНСКИ АКТИВЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ

ЕЛЕКТРОНСКИ АКТИВЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ

Управува со испораката на вртежниот момент до секое од задните тркала за целосно искористување на достапната моќност. Ова ви овозможува покасно да влегувате во свиоците и порано за забрзувате. Работи со системот Интелигентна динамика на погонот.

ДИНАМИЧНО ВОЗЕЊЕ

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Персонализирајте ги карактеристиките за возење за да одговараат на вашите желби. Системот Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ја прилагодите тежината на управувањето, мапирањето на трансмисијата и реакцијата на гаста.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Системот Прилагодлива динамика врши брза анализа на командите на возачот и условите за возење и ја заострува реакцијата на F‑TYPE за да се обезбеди оптимално доживување во возењето во секое време.

ИЗВОНРЕДНА СИЛА НА КОЧЕЊЕ

НАПРЕД 355MM. НАЗАД 325MM

НАПРЕД 355MM. НАЗАД 325MM

Оптимизиранo да ги комбинира трајноста и малата тежина, а истовремено да овозможува сигурни перформанси.
НАПРЕД 380MM. НАЗАД 376MM

НАПРЕД 380MM. НАЗАД 376MM

Исклучително брза реакција и прогресивни перформанси на кочење.
НАПРЕД 398MM. НАЗАД 380MM

НАПРЕД 398MM. НАЗАД 380MM

Нашиот најмоќен систем за кочење, способен за долготрајни перформанси од највисоко ниво.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ F‑TYPE

Не постои погрешен одговор кога избирате помеѓу Coupé и Convertible.

*Достапно само со моторите со моќност од 450PS.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.

Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.