ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

F‑TYPE. Скроен за вас.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

РАДУВАЈТЕ ИМ СЕ НА ДЕТАЛИТЕ

Храбро покажете го скриениот карактер на вашиот F‑TYPE со нашиот пакет Black Exterior. Порабувањето на предната украсна маска, предниот разделник, страничните отвори за воздух и декоративниот панел под задниот одбојник се во уникатната завршна обработка со црната боја Gloss Black. Дополнителните стилски елементи за надворешноста како што е јагуарот во скок (заштитен знак на Jaguar) и натписите доаѓаат во црна боја и го збогатуваат изгледот на овој спортски автомобил што ги привлекува погледите.

ИЗБОР НА ТРКАЛА

ЛИЧНО ВАШ

Освен што ќе ја истакне динамичната појава на вашиот F‑TYPE, еден комплет од привлечни тркала може да внесе дел од вашиот карактер како дополнителен детаљ. Асортиманот се состои од елегантни, прекрасно проектирани тркала од легура со димензија од 18" до 20" во разни стилови и завршни обработки.

ТРКАЛА

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВ

Класичниот избор за F‑TYPE Coupé.

ИНСПИРИРАНА ВНТРЕШНОСТ

ОПЦИЈА COLD

ОПЦИЈА COLD

Опционалниот пакет Climate внесува топлина во зимските денови и во себе вклучува греење на ветробранското стакло, греење на воланот и клима уред со две зони.
ОПЦИЈА BLACK

ОПЦИЈА BLACK

Посакајте ѝ добредојде на темната софистицираност. Пакетот Interior Black се карактеризира со отвори за вентилација, група инструменти, таблата со прекинувачи на вратите и рачките за отворање на вратите во црна боја, црни краци на воланот и куќишта на прекинувачите и црна завршна обработка на рачката на централната конзола.
ОПЦИЈА LUXURY

ОПЦИЈА LUXURY

Разведрете ја внатрешноста на вашето возило со пакетот Interior Luxury. Се карактеризира со премиум осветлување во кабината, осветлени плочки на праговите и дополнителна надградба со кожа.
ОПЦИЈА PREMIUM

ОПЦИЈА PREMIUM

Како дополнување на карактеристиките на пакетот Interior Luxury, пакетот Plus нуди целосна дополнителна надградба со кожа за луксуз низ целата кабина.

ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

КУЌИШТА НА РЕТРОВИЗОРИТЕ – КАРБОНСКИ ВЛАКНА СО ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО SILVER WEAVE

КУЌИШТА НА РЕТРОВИЗОРИТЕ – КАРБОНСКИ ВЛАКНА СО ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО SILVER WEAVE

Куќиштата на ретровизорите од висококвалитетни карбонски влакна со завршна обработка во Silver Weave обезбедуваат стилска надградба инспирирана од перформансите.
ЛУКСУЗНА ПОДНА ПРОСТИРКА ВО БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

ЛУКСУЗНА ПОДНА ПРОСТИРКА ВО БАГАЖНИОТ ПРОСТОР

Раскошна мека подна простирка за багажниот простор во црната боја Jet Black со логото на Jaguar. Првокласна густина на плетка на влакното 2.050g/m2 со порабување со кожата Nubuck.
ШТИТНИК ОД ВЕТЕР

ШТИТНИК ОД ВЕТЕР

Штитникот од ветер е едноставен за поставување и отстранување и со него се намалува провевот и турбуленцијата во кабината, дури и на големи брзини. Се испорачува со торба со знакот на Jaguar.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.

Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.