НОВИОТ JAGUAR F‑PACE SVR

НОВИОТ JAGUAR F‑PACE SVR

Добредојдовте во нашиот SUV со врвни перформанси што се карактеризира со V8 мотор со супер полнач и агилност што е водечка во класата.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

ПЕРФОРМАНСИ

АГИЛНОСТ И ДИНАМИЧНОСТ

АГИЛНОСТ И ДИНАМИЧНОСТ

F-PACE SVR е врвниот модел на нашата наградувана серија и нуди најголеми перформанси, агилност и динамичност досега.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА F-PACE SVR

мотор

5,0 литри


Во срцето на F‑PACE SVR лежи моќниот 5,0-литарски V8 мотор со супер полнач на Jaguar.

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ

550 (405) PS (kW)


Моќноста од 550PS (405kW) гарантира возбудливо доживување во возењето секојпат кога ќе седнете зад воланот.

МАКСИМАЛЕН ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

700 Nm (516lb-ft)


F‑PACE SVR развива зголемен вртежен момент со вредност до 700Nm (516lb-ft).

0-100KM/H

4,0 секунди


Благодарејќи на најновата технологија – тука спаѓа и функцијата Динамично тргнување – F‑PACE SVR може да забрза од 0 до 100km/h за само 4,0 секунди.

ДИЗАЈН

НАДВОРЕШНОСТ

НАДВОРЕШНОСТ

Поголемите отвори за влез на воздух, поголемите отвори за воздух на хаубата, на крилата и поголемиот заден спојлер се елементи од дизајнот на F-PACE SVR што ја зголемуваат силата на притисок кон подолгата и го намалуваат отпорот на воздухот. Како резултат на тоа се добиваат подобри перформанси и подобра управливост.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПОГОЛЕМИ ОТВОРИ ЗА ВЛЕЗ НА ВОЗДУХ

ПОГОЛЕМИ ОТВОРИ ЗА ВЛЕЗ НА ВОЗДУХ

Новиот преден одбојник го збогатува спортскиот став, а поголемите отвори за влез на воздух се грижат за ладењето на V8 моторот со супер полнач. Украсната маска во сјајна црна боја со уникатно порабување во матирана сива боја и логото SVR го заокружуваат изгледот на возилото.
СЕДИШТА PERFORMANCE

СЕДИШТА PERFORMANCE

Поврзете се со F-PACE SVR уште од моментот кога ќе се сместите во седиштата Performance изработени од меката кожа Windsor и антилоп материјал или од полуанилинска кожа. Предните и задните седишта се со греење и имаат знак SVR, а и уникатна шема на перфорирање.
ВОЛАН

ВОЛАН

Анатомски обликуваниот кожен волан на SVR ја издигнува умешноста за спортско возење. Воланот се одликува со уникатно порабување во црвената боја Flame и виолетовата Light Lunar и го носи логото SVR. Информациите се прикажуваат преку Интерактивниот дисплеј за возачот од 12.3“ на системот Pivi Pro.

ПАКЕТ SVR BLACK

СТИЛСКИ ИЗГЛЕД

Збогатете го динамичниот изглед на F-PACE SVR со опционалниот пакет SVR Black. Завршната обработка и декоративните елементи во сјајна црна боја, од порабувањето на украсната маска и отворите за воздух на хаубата до знакот со јагуарот во скок (заштитен знак на Jaguar) и знакот F-PACE, му даваат на Вашето возило дополнителен сјај.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

Одделението Special Vehicle Operations го демонстрира најдоброто од Jaguar преку низа од ексклузивни модели што го носат знакот SV, колекционерски изданија во ограничена серија и проекти со уникатни инженерски решенија.
ИСТРАЖЕТЕ ГО SV
МОДЕЛИ НА JAGUAR F-PACE

МОДЕЛИ НА JAGUAR F-PACE

Тука можете да ја видите целата серија на модели.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ

Погледнете ги WLTP вредностите
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.

*Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн​.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.