JAGUAR E-PACE

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

ПЕРФОРМАНСИ

Со палетата од мотори и подобрената динамика на возење E-PACE ја нуди совршената рамнотежа на стил и перформанси.

PLUG‑IN HYBRID

PLUG‑IN HYBRID

Во режимот за електрично возило (EV), Jaguar E‑PACE Plug‑in Hybrid (PHEV) има автономија до 62km††, идеално за редовно возење низ град. Со бензинскиот мотор за подолги патувања, E‑PACE Plug‑in Hybrid е идеалниот компактен SUV.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА E-PACE PLUG-IN HYBRID

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ 0-80%

30

минути*

Со E-PACE Plug-in Hybrid полнењето на батеријата е практично, дополнувате во òд.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

1,4 -1,6

l/100km††

Добијте повеќе од Вашето патување со ниската потрошувачка на гориво што ја овозможува E‑PACE Plug-in Hybrid.

ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

32-36

g/km††

E‑PACE Plug-in Hybrid има намалена емисија на CO2.

АВТОНОМИЈА КАКО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

62-59

km††

Вашите патувања на кратки релации се совршени за режим на електрично возило (EV).

Секој модел на E-PACE нуди мноштво од карактеристики за возење за да се унапреди секое патување.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

За перформанси во разни услови, системот Погон на сите тркала (AWD) интелигентно ја контролира распределбата на вртежниот момент помеѓу предната и задната оска. Системот Погон на сите тркала (AWD) ја оптимизира тракцијата со што ја подобрува динамичката управливост и нуди поголема стабилност во тешки услови за возење така што можете да продолжите да уживате во Вашето патување.
ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Единствен баланс помеѓу агилноста и комфорот во возењето – откријте ја возбудата што ја носи возењето на овој SUV на Jaguar. Широката палета на подобрени мотори, вклучувајќи и хибридни технологии, значи дека постои мотор што Ви одговара.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Опционалниот систем Прилагодлива динамика нуди прецизна динамика и еластично возење преку набљудување на позицијата на тркалата и движењата на каросеријата. Амортизерите го прилагодуваат потпирањето за да се обезбеди оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста. ​
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

За да се унапредат префинетоста и комфорот или перформансите на автомобилот, системот Динамика којашто може да се конфигурира Ви овозможува да го персонализирате мапирањето на гаста, моментите на менување степени на пренос, поставките за управувањето и потпирањето на Jaguar E‑PACE за да одговараат на Вашите потреби во возењето.

ТЕХНОЛОГИЈА

Интуитивните технологии на E‑PACE – меѓу коишто е и Pivi, нашиот систем за информации и забава за автомобил – се брзи и со уживање се користат. Овие технологии Ви овозможуваат да се споите со автомобилот, па така E‑PACE е подготвен за пат кога сте и Вие.

ЕДНОСТАВНОСТА КАКО СТАНДАРД

Стандардни карактеристики на Pivi:
• Екран на допир од 11,4" • DAB дигитално радио • Интерфејс со нов дизајн • Apple CarPlay®1 • Android AutoTM2 • Remote3
Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.
ЕДНОСТАВНОСТА КАКО СТАНДАРД
ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ
MERIDIAN AUDIO

ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Секој модел на E-PACE нуди мноштво од карактеристики за возење за да се унапреди секое патување.

ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Внатрешниот ретровизор ClearSight Ви обезбедува целосно непречен поглед зад возилото. Оваа најсовремена технологија емитира видео во живо од камерата поставена на покривот на E-PACE и гарантира постојана видливост без оглед на тоа што има зад Вас.
ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ ВО ВНАТРЕШНОСТА

ПРОСТОР ЗА СКЛАДИРАЊЕ ВО ВНАТРЕШНОСТА

Спортската естетика на E-PACE крие голем багажен простор и водечки во класата простор за складирање во внатрешноста. Пространата касета пред совозачот и длабоките џебови на предните врати ќе се погрижат Вашите ситници да Ви бидат при рака, додека во големиот багажен простор можете да сместите сѐ што Ви треба за подолгите патувања.
ПРЕМИУМ ЛЕД ФАРОВИ

ПРЕМИУМ ЛЕД ФАРОВИ

Премум ЛЕД фаровите се карактеризираат со светла за дневно возење DRL со двоен „Ј“ потпис и се грижат да бидете јасно видливи и при дневна светлина. Овие фарови внесуваат и динамика во возењето, со предни и задни трепкачи за правец со анимација како дел од стандардната опрема.
КРАЈНА ВРАТА СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

КРАЈНА ВРАТА СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

Крајната врата со електромоторен погон со функцијата Активирање со гестикулација Ви овозможува да го отворите и затворите багажниот простор без да ја допрете клуч картичката или возилото. За да ја отворите или затворите крајната врата поставете ја ногата под задниот агол на возилото.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Jaguar E-PACE има системи за помош на возачот што овозможуваат поедноставно возење низ град и паркирање, а при возењето по автопат нудат поголемо уживање. Овие технологии се грижат да Ве ослободат од стресот при возењето со што го унапредуваат Вашето возење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Скројте го E-PACE по Ваш вкус преку понудените модели, мотори и пакети на спецификации.

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ JAGUAR E-PACE

Изберете го моделот, моторот и пакетот на спецификации пред да го персонализирате Вашето возило преку понудените бои, тркала и опции за внатрешноста.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ НА JAGUAR E-PACE

МОДЕЛИ НА JAGUAR E-PACE

Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

Внесете го Вашиот карактер или опремете го Вашиот E-PACE со практични додатоци. Нашата широка палета Ви овозможува да го оптимизирате Вашето возило за да одговара на Вашите потреби.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ
ГАЛЕРИЈА

ГАЛЕРИЈА

Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. E‑PACE е синоним за префинетост, практичност и доверливо возење.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА


Погледнете ги WLTP вредностите
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.

1Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.

2Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.

3Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar. Апликацијата Jaguar Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.

4Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.

5На некои пазари бара соларно ветробранско стакло.

6Се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се обнови по почетниот услов.

7Се применува политика за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.jaguar.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.

8Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци. Вклучува претплата од 1 година што може да се обнови по почетниот услов.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.

Apple CarPlay е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.

Android Auto е трговска марка на Google LLC.

Meridian е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот „three fields“ е трговска марка на Trifield Productions Ltd.

NanoeTM е трговска марка на Panasonic Corporation