Дизајнирани се низа од напредни системи за помош на возачот и системи за безбедност за да ве штитат при секое патување.
XJ е опремен со множество од системи за помош на возачот коишто даваат многу повеќе отколку збирот на нивните делови, работејќи заедно за да го направат возењето поедноставно и побезбедно.
Системот InControl Protect ја вклучува функцијата SOS итен повик, којашто веднаш ќе ги донесе соодветните служби до вашата точна локација во случај на критична ситуација. Исто така ја обезбедува и функцијата Optimised Jaguar Assistance којашто ги пренесува вашата локација и дијагностичките податоци за возилото и се грижи да го минимизира доцнењето во вашето патување. Апликацијата Remote Essentials ви овозможува да го набљудувате вашиот XJ преку вашиот паметен телефон, на пример да го проверите нивото на гориво или да проверите дали автомобилот е заклучен или не.
XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.
1 Карактеристиките и нивната достапност може да се разликуваат во зависност од спецификациите на возилото и пазарот. За подетални информации консултирајте го продавачот на Jaguar што е најблизу до вас.
2 Не е достапно кај моделите со погон на сите тркала AWD.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.