ВНАТРЕШНОСТ

Од екранот на допир од 10" до рачно изработениот фурнир, XJ осигурува исклучителни стандарди за технологија, луксуз и комфор†. Откријте ја квалитетна мајсторска изработка низ целата внатрешност којашто XJ го издвојува од останатите.

Погледнете го видеото

†Возилата што се прикажани во филмовите може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url

Внатрешноста на XJ е технолошки напредна како што е и луксузна. Низ целата кабина на XJ е присутна квалитетна мајсторска изработка којашто го издвојува од останатите. XJ се карактеризира и со најновата технологија во автомобил за поврзливост којашто се грижи за вашето информирање и забава. Со големиот избор на бои, материјали и завршни обработки, внатрешноста ја отсликува јасната и чистата надворешност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОДЕЛОТ
ПРОСТОР ЗА ДИШЕЊЕ
Во кабината на XJ, впечатокот за простор се нагласува преку панорамскиот покрив и рачно изработениот фурнир којшто се простира низ кабината. Чувството за луксуз се подвлекува со возбудливите спортски елементи, а фосфорно сината светлина создава елегантен завршен впечаток. Со XJ никогаш нема само да патувате, вас ќе ве превезуваат на друго место.
ДРУГА ДИМЕНЗИЈА
XJ моделите со големо меѓуоскино растојание го издигаат луксузот на просторот на друго ниво без да ја загрозат убавината на стилската надворешност на XJ. Со повеќе од еден метар простор за нозете за патниците на задните седишта, тоа е совршената средина во којашто можете да работите, да уживате во многуте опции за забава или едноставно да се опуштите и релаксирате.
БЕСПРЕКОРНА МАЈСТОРСКА ИЗРАБОТКА
Во наслоните за глава кај моделот XJ50 е втиснато логото на Jaguar, јагуарот во скок. Логото XJ50 се појавува во гравурата на инструмент таблата и на предниот централен потпирач за раце, а фурнирот во бојата Gloss Shadow Walnut обезбедува богат, контрастен акцент во кабината.
СЕКОЈ ДЕТАЉ Е ЗЕМЕН ВО ПРЕДВИД
Пространиот заден дел од кабината на XJ е направен да ве разгали. Тој дел може дополнително да се надгради со поединечни екрани, на отворање, од 10,2 инчи со висока резолуција со остра слика и централен потпирач за раце во којшто се сместени елементи за контрола за мултимедија и за предните и задните седишта, а обезбедува и корисен простор за одлагање предмети. За комфор, удобност и приватност на располагање се и работните масички на соборување, ЛЕД светлата за читање, паѓачките потпирачи за нозете и електричните завеси на задните странични прозорци.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВНАТРЕШНОСТА
БИТНИ ДЕТАЛИ
Во наслоните за глава кај XJ моделите Premium Luxury, Portfolio, XJ50 и Autobiography е втиснато логото на Jaguar, јагуарот во скок. Моделот XJR575 се карактеризира со лого потписот 575 извезен на предните и задните седишта.
ИСТРАЖЕТЕ ГО XJR575
ПЛОЧКИ НА ПРАГОВИТЕ НА ВРАТИТЕ XJ50
Ексклузивните, осветлени плочки на праговите на вратите со знакот XJ50 на себе, ве внесуваат во кабината што ги слави стилот и елеганцијата.
ИСТРАЖЕТЕ ГО XJ50
ДВОЈНО ПОРАБУВАЊЕ
Во целата внатрешност на XJ се применува двојно порабување за да се добие трајност и да се обезбеди недвосмислен доказ за квалитетот на Jaguar. Кај одредени модели, може да се избере порабување со шевови во контрастни бои во однос на боите на кожата на седиштата и тапацирот на вратите за да се нагласи персонализацијата.
ИЗГРАВИРАН ТЕКСТ
За да се добие уникатен завршен детаљ, гравурата може да се персонализира според вашето барање.
EXCEPTIONALLY LUXURIOUS
КОЖА ПРОШИЕНА СО ШЕВОВИ СО РОМБОИДНИ ФОРМИ
Кај XJ моделите Portfolio, Autobiography и XJ50, кожниот тапацир се карактеризира со софистицирано прошивање со шевови со ромбоидни форми како врв на луксузот.
ТЕХНОЛОГИЈА ПОД ВАС
Мултифункционалните седишта на XJ ви овозможуваат целосна контрола на вашиот личен комфор. И предните и задните седишта се карктеризираат со електрично прилагодување така што совршената положба за седење е на еден допир на копчето од вас. Дури и после многу часови зад воланот, од XJ ќе излезете свежи и спремни.
Погледнете го видеото
yt:ak9gglq5XL4
ДРУГА ДИМЕНЗИЈА
Погледот од кабината на XJ е исклучителен: панорамскиот покрив со стакло што ја рефлектира топлината се простира наназад и преку задните седишта. Ги филтрира ултравиолетовите зраци и ја исполнува кабината со природна светлина создавајќи чувство на прекрасна проветреност, завидна пространост и, благодарејќи на ефикасното затемнување, голема приватност.
Погледнете го видеото
yt:1rf5SYm8ihs
ПЕРСОНАЛИЗИРАН ЛУКСУЗ
Кабината на XJ е и современа и луксузна, создадена да ги возбудува сетилата. Внатрешноста можете да ја персонализирате со помош на достапните материјали и завршни обработки за да одговара на вашите строги стандарди. Големите површини од мека кожа и прекрасните фурнири кај XJ придонесуваат за неговата уникатна, луксузна атмосфера.

XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

*Карактеристиките и нивната достапност може да се разликуваат во зависност од спецификациите на возилото и пазарот. За подетални информации консултирајте го вашиот локален продавач на Jaguar.