ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Напредните системи за помош на возачот кај XJ се грижат за вашата безбедност, поврзливост и забава.

XJ се карактеризира со системот Touch Pro, најсовремениот систем на Jaguar за информации и забава за автомобил, како дел од стандардната опрема. Со брза реакција, интуитивна и беспрекорно интегрирана технологија – Jaguar нуди решенија коишто иновативно го унапредуваат вашето возење.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОВРЗАН АВТОМОБИЛ

Сите модели на XJ се карактеризираат со најсовремениот систем за информации и забава на Jaguar, системот Touch Pro. Системот беспрекорно се интегрира со вашиот паметен телефон за да ви понуди лепеза од услуги коишто ќе го надградат доживувањето во возењето осигурувајќи ви поврзливост додека сте во движење.

Погледнете го видеото
yt:rmzCqKD1lsA
CONNECTIVITY
INCONTROL APPS
InControl Apps го поврзува вашиот паметен телефон со екранот на допир во вашето возило, што значи дека можете да останете сигурно поврзан со вашиот паметен телефон дури и кога сте во автомобилот. InControl Apps ви овозможува да ги контролирате компатибилните апликации на вашиот екран на допир, како што се Spotify и Tile, осигурувајќи безбедно и удобно користење на апликациите коишто се оптимизирани специјално за употреба во вашето возило.
PRO SERVICES
Функцијата Pro Services обезбедува податоци во реално време за текот на сообраќајот, цените на горивата, паркинг услугите и водење во живо за да осигура навреме да стигнете до вашето одредиште. Исто така, имате можност мапите да ги гледате во сателитски приказ или во приказ на ниво на улица. Вградениот Wi-Fi систем создава трајно Wi-Fi хот-спот во автомобилот овозможувајќи им на патниците безжично да поврзат повеќе уреди на интернет.
ROUTE PLANNER
Функцијата Route Planner ја користи апликацијата Route Planner за iOS или за Android, или користи веб-портал, за да се интегрира беспрекорно со вашиот телефон и да ве води од врата до врата – од почетното доаѓање до вашиот автомобил, возењето и (доколку изберете) подоцнежното користење на јавен превоз. Вашиот паметен телефон совршено се интегира со целото ваше патување.
ВГРАДЕН WI-FI СИСТЕМ
Вградениот Wi-Fi систем на Touch Pro обезбедува податоци за разни услуги од следната генерација и за карактеристики за водење. Податочната врска создава и трајно Wi-Fi хот-спот во автомобилот овозможувајќи им на патниците безжично да поврзат повеќе уреди со системот за информации и завава и на интернет.
REMOTE PREMIUM
Функцијата Remote Premium обезбедува пристап до вашиот XJ преку вашиот паметен телефон кога не сте во автомобилот. Можете далечински да го поставите клима уредот да ја затопли или да ја излади кабината во автомобилот преку стартување на моторот пред да дојдете до автомобилот. Исто така, можете да го заклучите и да го отклучите автомобилот, а за да го лоцирате автомобилот можете да ја активирате функцијата за звучен (бип) и визуелен (блесок со трепкачите) сигнал за лоцирање.
ИСТРАЖЕТЕ ГО REMOTE PREMIUM
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОДЕЛОТ
КОНТРОЛА ПРЕКУ ЕКРАНОТ НА ДОПИР
Командниот центар на XJ е екранот на допир. Овој високоинтуитивен интерфејс со повеќекратен допир може да се персонализира и користи гестикулации коишто се познати кај паметните телефони и таблетите– само допрете, зумирајте со два прста и поминете со прст за брза и точна работа.
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
Интерактивниот дисплеј за возачот со висока резолуција на XJ ги оживува информациите – 12.3”-ен HD TFT екран ја заменува вообичаената група инструменти. Овој моќен повеќеслоен, виртуелен дисплеј комбинира едноставен за употреба графички интерфејс со напредна функционалност за да го направи возењето уште попријатно. Можете да изберете една од четирите претходно поставени теми на дисплејот, или навигација на целиот екран со мапа во 3Д.
Погледнете го видеото
yt:XPplMVoBfF4
ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
Опционалниот систем Забава на задните седишта се карактеризира со поединечни екрани, на отворање, од 10 инчи со висока резолуција со остра слика. Односот на страните од 16:9 значи дека се совршени за гледање филмови преку целиот екран. А бидејќи системот е опремен со безжични слушалки и далечински уред, како и USB и HDMI порти коишто поддржуваат повеќе таблети и паметни телефони, XJ може секому да му овозможи беспрекорна поврзливост.
ЗВУЧИ ВИСТИНСКИ
XJ нуди аудио системи коишто се дизајнирани за да ја оживеат музиката. Аудио системот на Jaguar развива моќност од 250W и нуди акустично доживување преку 8 звучници. Три други системи, дизајнирани за XJ во соработка со британските експерти за звук Meridian, нудат уште поголемо пространство од перформанси: дигиталниот аудио систем Meridian од 380W со опкружувачки звук, дигиталниот аудио систем Meridian од 825W со опкружувачки звук и дигиталниот аудио систем Meridian Reference од 1300W.
ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN
НАДГРАДЕНА СИГУРНОСТ
XJ е дизајниран за максимална сигурност кога стои во место и кога се движи. Алармниот систем и имобилизаторот на моторот се вградуваат како дел од стандардната опрема. Со помош на вашата клуч картичка можете далечински да го заклучите и двојно да го заклучите XJ или, од друга страна, истото можете да го направите преку дискретното копче на кваката на вратата. Штом ќе тргнете, вратите може да бидат програмирани да се заклучуваат автоматски на претходно поставена брзина на движење.

XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови во вашата земја ве молиме да погледнете на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или консултирајте го локалниот продавач на Jaguar. Одредени функции бараат погодна SIM картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url