НАДВОРЕШНОСТ

XJ нуди вистински луксуз. На располагање се палети од бои и тркала, вклучувајќи ги тркалата од легура „Style 5045“ со 5 двојни краци во црна боја Gloss Black обработени со дијамант, коишто се ексклузивни за моделот XJ50.

Авторитативен, елегантен и моќен. Обликот на солза којшто го има XJ е формиран за да се добие оптимална аеродинамична ефикасност, сведувајќи го на минимум отпорот на воздухот, подобрувајќи го забрзувањето, намалувајќи ги потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ОСТАВЕТЕ ВПЕЧАТОК

XJ во движење е глетка за восхит. Дури и кога мирува, од него ви расте пулсот, неговиот моќен карактер се отсликува во нискиот, широк став и долгата, затегната странична линија. Соединувајќи ги полираните линии и извајаната елеганција, XJ целосно го олицетворува потенцијалот на Jaguar за драматичен, динамичен и чист дизајн.

ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОДЕЛОТ
ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ
Дизајнот и инженерството оживуваат во XJ. Предниот дел од автомобилот е храбар и самоуверен, со импозантната исправена предна украсна маска со мрежест детаљ. Украсната маска е врамена со енергетски ефикасните целосно ЛЕД фарови, со спортскиот дизајн на светлата за дневно возење (DRL) со уникатниот „Двојно Ј“ потпис на Jaguar.
Погледнете го видеото
yt:setf9Ri68G4
ВЕДНАШ ПРЕПОЗНАТЛИВ ОД СЕКОЈ АГОЛ
На задната страна, впечатливите ЛЕД крајни светла со „Ј“ потписот и елипсовидните издувни цевки ја нагласуваат моќноста и агилноста на XJ.
ОБРАБОТКА НА ОДБОЈНИЦИТЕ
XJ50 се карактеризира со преден и заден одбојник во стилот на моделот XJ Autobiography за да се нагласи самоуверениот стил на автомобилот. Предниот одбојник е надополнет со хромирани лежишта на влезните отвори за воздух и црна мрежа на украсната маска.
ИСТРАЖЕТЕ ГО XJ50
КАРАКТЕРИСТИЧНА ЛИНИЈА НА ПОКРИВОТ
Задното ветробранско стакло на XJ беспрекорно се протега околу возилото за да ја создаде карактеристичната линија на покривот којашто го истакнува долгиот, низок и широк профил.
XJ R-SPORT

XJ R-Sport се карактеризира со стилски детали со динамичен карактер во коишто спаѓаат украсната маска со сјајна црна боја и декоративниот панел под задниот одбојник, како и предниот разделник, страничните прагови во стилот „R“ и задниот спојлер.

ИСТРАЖЕТЕ ГО XJ R-SPORT

XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url