Откријте ја префинетоста на XJ со исклучителен мотор, молневита трансмисија и множество напредни технологии за возење.
XJ ви нуди комфор и префинетост на луксузен автомобил со брзина на реакцијата и вклученост на возачот како во спортски автомобил.
Целосно алуминиумската конструкција на каросеријата на XJ се одликува со јакост, исклучителна крутост и со многу мала тежина. Споена со заковки и без ниту еден заварен спој, 100-процентната алуминиумска монокок конструкција на шасијата и каросеријата прави овој автомобил да биде со најмала тежина во неговата класа.
Одличниот однос моќност/тежина ги унапредува сите аспекти на перформансите, а монокок конструкцијата нуди зголемена крутост за унапредена управливост како и одлични придобивки за безбедноста.
V6 дизел моторот со турбо полнач кај XJ развива исклучителен вртежен момент и моќност и нуди извонредни карактеристики за возење. За бесшумно и глатко менување на степените на пренос сите модели се опремени и со трансмисија со 8 брзини што се карактеризира со побрза реакција и обезбедува помала потрошувачка на гориво.
Нашите тековни бензински мотори и новите дизел мотори се најчистите и најефикасните мотори што сме ги произвеле досега. Нашиот нов електричен погонски систем е иднината на возењето. Кој е вистинскиот за вас?
XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.
*Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема.
Погледнете ги WLTP вредностите.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
†Податоците за моторот не се ресертифицирани во 2018. Прикажаните податоци одговараат на сертификацијата од 2017 година.