Скројте го XJ според вашиот животен стил. Изберете од широкиот асортиман на практични и стилски додатоци.
Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.
Направете го навистина ваш додавајќи стил, практичност и разновидност со официјалните додатоци за XJ од вашите локални продавачи на Jaguar.
Додадете личен детаљ во луксузната кабина на вашиот XJ со избор од лепезата на фино изработени додатоци.
Додатоците со системот Click and Go се дизајнирани како за вашата удобност така и за удобноста на вашите сопатници. Во оваа група на додатоци спаѓа држачот за iPad на Jaguar што им овозможува на патниците на задните седишта да уживаат во хендс фри забавата во текот на целото патување. За поформални прилики, можеби ќе посакате да го вградите држачот за палта на Jaguar за да не дојде до гужвање на вашите палта или јакни при патувањето.
Додадете повеќе личен стил во вашиот XJ со помош на овие додатоци.
Во оваа група на додатоци спаѓаат: осветлени плочки на праговите на вратите и навртки за тркалата со слика од глава на јагуар, коишто му даваат на вашиот XJ фин завршен изглед.
Практични додатоци со чија помош ќе извлечете повеќе од вашиот XJ.
Во овие додатоци се вклучени: опрема за возење по снег како и чорапи за возење по снег, коишто овозможуваат добар зафат на тркалата со подлогата во снежни, калливи услови и во услови со мраз на коловозот.
Изберете еден модел на XJ и потоа збогатете го со опции и додатоци додека го креирате својот XJ со нашиот конфигуратор. Ако сакате да го персонализирате вашиот XJ уште подетално, можете да го прегледате нашиот целосен интенет каталог.