XJ е врвниот седан на Jaguar, совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 185*
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km
Од 7.0*
XJ го редефинира поимот за луксузен автомобил. Тој е драматична комбинација од убавина, луксуз и моќност. Обезбедува агилност и нуди освежувачко динамично доживување во возењето. За патниците, кабината претставува место за комфор и релаксирање. XJ се карактеризира со целосно ЛЕД фарови и крајни светла како и со системот InControl Touch Pro како дел од стандардната опрема, заедно со мноштво други надградби и во внатрешноста и на надворешноста. Ниту еден автомобил не изгледа и не возбудува како XJ.
Стандардно меѓуоскино растојание (SWB) или Големо меѓуоскино растојание (LWB), секој XJ е совршена средина за работа или за одмор во слободното време. Моделите со LWB се карактеризираат и со простор за нозете поголем од еден метар и со уникатно „лимузинско“ возење со изменети поставки на воздушното потпирање за уште поголем комфор.
XJ ги освои највисоките резултати за целокупен квалитет во сегментот на луксузни возила за 2016 година во истражувањето "Total Quality ImpactTM" спроведено од страна на Strategic Vision Inc. Оваа сеопфатна студија го мери целокупното сопственичко искуство при што од возачите е побарано да ги оценат сите аспекти на купувањето, поседувањето и возачкото доживување. Таа опфаќа сè: од сигурноста до возбудата да се управува и лојалноста кон автомобилот. Ние сме горди што XJ е оценет како "извонреден" од страна на најдобрите судии за било кој автомобил - од сопствениците.
Инспириран од минатото, проектиран во сегашноста. Моделот Special Edition по повод 50-годишнината, ги слави 50-те години на XJ со ексклузивни дизајнерски решенија и педантно внимание кон деталите.
Нашите тековни бензински мотори и новите дизел мотори се најчистите и најефикасните мотори што сме ги произвеле досега. Нашиот нов електричен погонски систем е иднината на возењето. Кој е вистинскиот за вас?
Прегледајте ја серијата XJ и откријте ја вашата совршена комбинација на перформанси, управливост и комфор.
**Погледнете ги WLTP вредностите.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема.