ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

XF нуди сестран простор, практични карактеристики и ниво на безбедност со 5 ѕвездички на Euro NCAP.

Возило што е прикажано: XF S Sportbrake со вградени опционални карактеристики.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
ПРАКТИЧНИ ДЕТАЛИ

Сестраната внатрешност на XF се грижи да уживате во вашиот животен стил. Нејзината практичност и напредните технологии за возачот го прават секое патување поедноставно и порелаксирано.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

За да се ужива во поголема безбедност при секое патување, XF обезбедува палета од системи за помош на возачот. Со помош на нашите најнови иновативни InControl технологии, овој пакет од карактеристики се грижи да ги избегнете ситуациите за потенцијален судар и управува со множество од различни сценарија за возење.

СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА 360° ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА<sup>3</sup>
Помага при разни маневрирања, од паркирање крај рабник до полесно влегување и излегување од тесен простор и раскрсници. Системот од камери за 360° опкружувачка слика ви дава целосен поглед на надворешноста и тој поглед го прикажува на екранот на допир. За понатамошна надградба на системот, достапни се и функциите Водење на возилото нанапред и Забележување на сообраќајот при движење нанапред. Како дел на системот од камери за 360° опкружувачка слика, функцијата Водење на возилото нанапред му обезбедува на возачот екранска визуелизација на возилото и растојанието за паркирање. Функцијата Забележување на сообраќајот при движење нанапред се грижи да се избегнат ситуациите за потенцијален судар во услови кога имате ограничен преглед при маневрирање нанапред.
СТЕРЕО КАМЕРА И АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ
Во ситуација во којашто треба итно кочење, XF е спремен. Користејќи предна камера, доколку забележи потенцијален судар, XF издава звучно предупредување за челен судар, давајќи ви време да дејствувате. Следат визуелните предупредувања во Head-Up Дисплејот (ако е вграден) и во групата инструменти. Ако сѐ уште се предвидува дека ќе дојде до судар, тогаш системот го активира кочењето за да се намали тежината на можниот судар.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:1EDxvxwoHmI
НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ<sup>4</sup>
Овие системи го прават паркирањето во тесен простор поедноставно од кога и да било. Сензорите го мерат просторот и, ако е погоден, ќе му овозможат на XF самиот да се управува прецизно во текот на маневрите и за паралелното и за паркирањето под прав агол - возачот треба само да ги контролира педалите за кочници и за гас. Функцијата помош при излез може да го води XF додека излегува од простор за паралелно паркирање. Системот Забележување на сообраќајот којшто приоѓа одзади, со помош на сензорите на системот Набљудување на мртвиот агол, има способност да забележи возила што приоѓаат одзади коишто возачот можеби не ги видел, и издава звучно предупредување и известување на екранот на допир.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:t0bJwhuBcew
ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК И ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА<sup>5</sup>
Технологијата Препознавање сообраќаен знак (TSR) на Jaguar користи предна камера со голема прецизност за да ги забележува знаците за дозволена брзина и за забрането претекнување, а потоа му ги прикажува на возачот. Системот ги зема во предвид привремените знаци за дозволена брзина и условите на патот. Функцијата Прилагодлив ограничувач на брзината, ако е избрана, ги користи информациите од системот TSR, заедно со податоците од мапата од опционалниот систем за навигација, и се грижи XF да се движи со брзина под соодвената дозволена брзина.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:9oDfEgUTbCw
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА, ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
XF е опремен со системот Предупредување за напуштање на коловозна лента како дел од стандардната опрема. Овој систем издава предупредувања доколку автомобилот ненамерно излегува од својата коловозна лента. Како дополнение, достапна е иновативна технологија - Помош за задржување во коловозна лента (LKA) и Надзор на состојбата на возачот (DCM). Системот LKA го чувствува ненамерното излегување од коловозната лента и се грижи XF да се врати назад во својата лента. Системот DCM постојано ги анализира командите од возачот за да забележи пад во концентрацијата поради замор, со што работи на вашата безбедност. Кога системот ќе забележи дека зад воланот е потенцијално поспан возач, тој дава предлог за одмор преку известување во групата инструменти.
Film features Lane Keep Assist only.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:6qIFIr8SWdM
НАБЉУДУВАЊЕ НА МРТВИОТ АГОЛ И ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ КОЈШТО ПРИОАЃА ОДЗАДИ<sup>3</sup>
Ако вашиот автомобил забележи друго возило во вашиот мртов агол или возило што брзо приоѓа до вашиот мртов агол, тогаш системот Набљудување на мртвиот агол ве известува за тоа преку мала предупредувачка светилка во соодветниот надворешен ретровизор. Како надградба на овој систем, системот Помош за мртов агол ќе управува со вашето возилото за да ве оддалечи од возилото во вашиот мртов агол ако почнете да менувате коловозни ленти. Со помош на истиот радарски систем, системот Забележување на сообраќајот којшто приоѓа одзади ве известува преку екранот на допир за возилата што приоѓаат додека се движите наназад - на пример, кога излегувате од паркинг место со ограничен преглед на патот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:KBDoSu0jO0E

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Само кај седан верзијата XF Saloon.
3Опционална карактеристика (requires Auto-dimming exterior mirrors)
4Опционална карактеристика (requires 360° Parking Aid).
5Бара Navigation Pro.