ВНАТРЕШНОСТ

Внатрешноста на XF нуди извонреден избор на луксуз и изобилство од простор.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
СОВРЕМЕНА МАЈСТОРСКА ИЗРАБОТКА

Во кабината на XF, лепеза од современи материјали коишто се извонредно изработени за да понудат исклучителен комфор и чувство на благосостојба.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
НА СЕДИШТЕТО ЗА ВОЗАЧОТ

Отворете ја вратата на XF и копчето Start ве мами да влезете внатре. Пулсирајќи во ритамот на срцето, тоа создава емоционална врска меѓу возачот и машината. Неговиот ритам од 72 двојни отчукувања во минута е истиот како кај дивата мачка јагуар во мирување. Сега, притиснете го копчето Start и XF ќе се разбуди. Со совршена кореографија, отворите за воздух ротираат за да се отворат, современиот вртлив селектор1 во бојата Satin Black полека се подига, моторот ’ржи - сето тоа ве инспирира да го замислите претстојното возење.

ВЕРЗИИ
НОВИОТ XF CHEQUERED FLAG

XF Chequered Flag е креиран за возачот. Од внатрешност целосно обложена со кожа до декоративна површина од алуминиум со завршна обработка Dark Hex за инструмент таблата, естетиката на возилото во потполност ве внесува во Chequered Flag доживувањето.

Погледнете ја галеријата
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
НАЈФИНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ
Кожите и фурнирите се бирани највнимателно за да се осигура дека сѐ што ќе допрете во кабината на XF зрачи со луксуз. Независно од тоа дали претпочитате декоративни површини од карбонски влакна или дрвени фурнири коишто ќе го надополнат прекрасниот избор на кожи, вашиот XF секогаш ќе биде вистинскиот, и на изглед и на допир.
ДЕТАЛИ НА ДИЗАЈНОТ
XF ја комбинира прецизната мајсторска изработка со современите материјали за да понуди бројни опции за внатрешноста. Меката кожа со двојно порабување, вклучувајќи ја и првокласната кожа Windsor Grain2, може да се надополни со елегантни фурнири и квалитетни текстилни материјали во разни бои.
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Од елегантните модерни фурнири, висококвалитетните текстилни материјали и кожи, до големиот избор на комбинации од бои, можете да создадете еден XF којшто ќе одговара на вашиот стил. Можете дури и да ставите свој натпис на осветлените плочки на праговите.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРОСТОР ЗА РЕЛАКСАЦИЈА
Кабината на XF е место на луксуз, избор и богат простор. Големите вредности за висината кај задните седишта и на просторот за нозе го збогатуваат извонредниот комфор за патниците. Функцијата Амбиентно внатрешно осветлување исто така ја збогатува атмосферата во XF, додека ЛЕД светлата за читање даваат јасно, лично осветлување.

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Само со автоматска трансмисија.
2Достапноста на овие карактеристики, дали се дел од стандардната опрема или пак се опционална опрема, зависи од пазарот. За подетални информации консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar.
3Вклучува штитници од сонце со електромоторен погон како дел од стандардната опрема.