ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ

Интуитивните технологии на XF го прават секое патување побезбедно, со подобра поврзливост и со поголемо уживање.

INCONTROL

Уживајте во најновите системи за информации и забава за автомобил и останете поврзани со вашиот XF и со светот со помош на InControl1, пакетот од напредни технологии на Jaguar. Интелигентните решенија на системот InControl беспрекорно се интегрираат со вашите лични уреди, податочни уреди и медиуми, со што се грижат да го подобрат и збогатат доживувањето што го добивате со поседување и возење на овој автомобил.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ИНОВАЦИИ ОД JAGUAR
Од исцрпни мултимедијални технологии до прецизно создадени аудио системи и интелигентни системи за помош на возачот - секој XF е дом за иновативните и беспрекорно интегрираните InControl технологии на Jaguar.
TOUCH PRO
XF ја нуди напредната технологија на системот Touch Pro, заедно со 10”-ен екран на допир со брза реакција, како дел од стандардната опрема. Во карактеристиките на Touch Pro спаѓаат гласовна контрола со природен дијалог, систем за навигација, со мапи во 2Д или 3Д, и функција за навигација со предвидување1.
SMARTPHONE PACK
Stay safely connected to your smartphone even while in the vehicle. Control vehicle-optimised apps, such as Spotify®, through XF’s Touchscreen using a USB connection to your Apple® or AndroidTM smartphone.
ДВОЕН ПОГЛЕД
Опционалниот систем Двоен поглед2 им овозможува на возачот и на совозачот да уживаат во различни содржини на истиот екран на допир од 10 инчи. На пример, совозачот може да гледа филм (звукот го слуша преку безжичните слушалки со опкружувачки звук) додека возачот го гледа водењето преку системот за навигација.
CONNECTIVITY
ПАКЕТ CONNECT PRO
Oпционалниот пакет Connect Pro1 гарантира дека до осум уреди може да се поврзат преку Wi-Fi хот-спот во автомобилот. Работејќи од вашиот паметен телефон, карактеристиката Remote Premium на пакетот Connect Pro ви овозможува далечински да го прегледате статусот на вашиот XF и да комуницирате со голем број на функции, вклучувајќи ја и функцијата на клима уредот, преку апликацијата InControl Remote.
PROTECT
Дел од стандардната опрема кај секој XF, функцијата Protect1 ви нуди спокојство преку функцијата SOS итен повик и системот Optimised Jaguar Assistance. Исто така, апликацијата за паметен телефон Remote Essentials ви дава важни информации за вашиот XF, каде и да сте. Можете далечински да го проверите нивото на гориво во резервоарот, да ги сочувувате вашите патувања, па дури и да проверите дали не сте оставиле отворен прозорец.
SECURE TRACKER
Опционална кај сите модели на XF, функцијата Secure Tracker3 ги забележува кражбата или неовластеното движење на вашиот автомобил. Го лоцира XF и врши поврзување со центарот за набљудување на InControl Secure Tracker за да се овозможи следење на возилото. Дури и ако вашиот автомобил е украден со клучевите, вие можете да го сигнализирате тоа преку повикувачкиот центар за следење со помош на апликацијата Remote3.
INFOTAINMENT
IN-CAR WI-FI
Опционалниот пакет Connect Pro4 нуди Wi-Fi хот-спот што ја користи моќната надворешна антена на XF - овозможувајќи им на патниците безжично да поврзат до осум уреди со Wi-Fi мрежата на XF1.
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ<sup>5</sup>
Фокусирајте се на патот со помош на опционалниот Head-Up дисплеј на XF којшто користи ласерска технологија. Овој најсовремен систем проектира бројни важни информации врз ветробранското стакло. Неговиот остар, светол, ласерски генериран сликовит приказ останува јасен и на директна сончева светлина, и може да ги прикаже брзината на возилото, известувањата од системот за навигацијата, од системот за контрола на патната брзина и податоците од системот Препознавање сообраќаен знак, кадешто е достапно.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:aJ6UnI6iwx4
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
12.3"-ниот интерактивен дисплеј за возачот4 со висока резолуција обезбедува информации што се важни за возењето, меѓу коишто е навигација на целиот екран со 3Д мапа, точно таму кадешто ви треба. Неговата висока резолуција осигурува најчиста слика, а префинетиот процесор дава глатки движења и остра графика.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:ollAo344rMQ
АУДИО
Аудио системот Jaguar (180W) нуди извонредно акустично доживување преку 8 звучници. За напредно акустично доживување, понудени се опционалниот аудио систем Meridian™ (380W) со 10 звучници и двоканален сабвуфер и аудио системот Meridian со опкружувачки звук (825W) со 16 звучници и двоканален сабвуфер. Каде и да се седи во XF, секој еден ќе ужива во богато, задлабочувачко удио доживување.
ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Онлајн функционалноста и Wi-Fi поврзливоста зависат од инсталација на микро SIM картичка со соодветен договор. Пакетот Connect Pro содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar. Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот - проверете кај вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на вашиот локален пазар. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. InControl Apps и апликацијата Remote треба да се преземат од Apple/Play Store. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
2Бара Navigation Pro, CD/DVD плеер и аудио систем Meridian™ /аудио систем MeridianTM со опкружувачки звук".
3Secure Tracker е претплатничка услуга што може да се продолжи по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar.
4Бара Navigation Pro.
5Бара соларно ветробранско стакло.

Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-страница во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на обновувања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Најновите информации и информациите во зависност од пазарот можете да ги проверите кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url