НАДВОРЕШНОСТ

Извонреден квалитет и мајсторска изработка заедно со современиот британски дизајн - XF е автомобил со уникатна убавина и динамичен луксуз.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Забележете ја надворешноста којашто е затегната и атлетска. Прекрасно дефинираните криви линии го оживуваат неговиот самоуверен карактер. Исправената украсна маска којашто влева доверба и моќниот издаден дел на хаубата ја засилуваат неговата намера.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ОДРАЗ НА УБАВИНА
Профилот со совршени пропорции на XF Saloon се нагласува преку единечен елегантен лак којшто се протега по целата должина на каросеријата и достига кулминација кај специфичните ЛЕД крајни светла, со двоен декоративен кружен дел инспириран од стилот на F-TYPE.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:TkEq447LAdo
НАПРЕДНА АЕРОДИНАМИКА
Непоколебливиот надворешен дизајн на XF е природно аеродинамичен. Неговиот напреден облик ги подобрува управливоста, динамиката и префинетоста. Дури и рамно поставените фарови и страничните отвори за вентилација беа прецизно дотерани преку исцрпувачки тестирања на дизајнот за да се намали отпорот на воздухот и да се зголеми силата на притискање.
НАПРЕД
СТРАНИЧНО
НАЗАД
ВЕРЗИИ
НОВИОТ XF CHEQUERED FLAG

За оние коишто уживаат во ривалството. Моделот Chequered Flag се карактеризира со уникатен Chequered Flag знак, а за надворешноста можете да изберете некоја од понудените бои: белата Yulong White, црната Santorini Black или сивата Eiger Grey.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ЛЕД СВЕТЛА ЗА ДНЕВНО ВОЗЕЊЕ СО „Ј“ ПОТПИС
Прилагодливите ЛЕД фарови се карактеризираат со светла за дневно возење со „Ј“ потписот на Jaguar и на XF му даваат впечатлива појава на патот.
КРАЈНИ СВЕТЛА ИНСПИРИРАНИ ОД СТИЛОТ НА F-TYPE
Еден од многуте атрактивни завршни детали кај седан верзијата XF Saloon е и уникатната графика со тенка декоративна линија на специфичните ЛЕД крајни светла, инспирирани од стилот на F-TYPE.
ХРОМИРАНИ СТРАНИЧНИ ОТВОРИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА
Мрежестите странични отвори за вентилација со хромирана рамка во којашто е втиснат натписот Jaguar го даваат чувството на динамички дизајн и скриена моќност на XF.

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Достапноста на овие карактеристики, дали се дел од стандардната опрема или пак се опционална опрема, зависи од пазарот. За подетални информации консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar.
2Вклучува штитници од сонце со електромоторен погон како дел од стандардната опрема.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url