ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Динамиката во возењето кај автомобилите на Jaguar е легендарна - XF го крева овој стандард уште повисоко.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
КОМФОР И ДИНАМИКА

Со својот супериорен комфор во возењето и извонредното спортско управување, XF нуди простор за возбудливи доживувања при возењето. Достапна кај бензинските и дизел моделите1, опцијата Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот на XF му дава уште поголема способност во предизвикувачките услови на патот.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ЗНАЧАЈНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ВОЗЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ
XF има агилна реакција и динамичко однесување и секогаш го задржува комфорот во возењето. За тоа може да ѝ се заблагодари, делумно, на алуминиумската конструкција со мала тежина, којашто сепак е исклучително крута и има голема јакост. Таа е совршена платформа за софистицираните системи за потпирање, со двојна вилушка - напред и Integral Link - назад, и на XF му дава дух на спортски автомобил.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:Axc9sJv34gE
ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ
Алуминиумски компоненти со мала тежина и голема јакост ги сочинуваат софистицираните системи за потпирање, напред и назад, на XF. Напред, конструкција на потпирањето со двојна вилушка, слично на потпирањето кај F-TYPE, обезбедува управливост којашто е водечка во класата. Назад, системот за потпирање Integral Link обезбедува крутост којашто ја поддржува управливоста, уште повеќе го унапредува квалитетот на возењето и го зголемува просторот на динамички способности на XF.
СЕРИЈАТА INGENIUM

Ingenium е нов тип на мотор од Jaguar Land Rover дизајниран за да се добијат беспрекорни перформанси, рафинираност и ефикасност. Со напредната технологија и целосно алуминиумската конструкција, моторот Ingenium има импресивни ниски вредности за потрошувачката на гориво и за емисијата на CO2.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
INGENIUM БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Новите 2.0-литарски 4-цилиндрични бензински мотори Ingenium со турбо полнач развиваат извонредна корисна моќност и вртежен момент. Со нивниот дизајн за мала тежина и широката употреба на тркалачките лежишта со валјачиња со мал коефициент на триење, тие се направени за да се добијат глатки перформанси и голема ефикасност.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
INGENIUM ДИЗЕЛ МОТОРИ

Три од дизел моторите во серијата XF се потпираат на Ingenium технологијата. Овие мотори со мал коефициент на триење и целосно алуминиумска конструкција имаат крут блок и две балансирачки вратила за да се обезбеди ниско ниво на внатрешни вибрации, за глатки секојдневни перформанси. Сите мотори се опремени со технологијата Stop/Start1 и паметно регенеративно полнење - собирање на кинетичката енергија за време на кочењето за да се полни акумулаторот - за максимална економичност, особено во градското возење.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
3.0-ЛИТАРСКИ V6 300PS ДИЗЕЛ МОТОР СО ДВОЕН ТУРБО ПОЛНАЧ

3.0-литарскиот V6 дизел мотор со двоен турбо полнач нуди исклучителна моќност, вртежен момент и карактеристики за возење. Моторот го користи иновативното двојно-паралелно секвенцијално турбо полнење - идеја развиена од страна на Jaguar Land Rover - за да се добие глатко, побрзо развивање моќност на секаков број на вртежи на моторот, како и двостепеното водено ладење за штедење на енергијата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
МОТОРИ ИНСПИРИРАНИ ОД F-TYPE

Сите бензински мотори на XF нудат моќност и брза реакција, а истовремено ја унапредуваат ефикасноста. 3.0-литарскиот V6 бензински мотор со компресор којшто XF го дели со F-TYPE, развива моќност од 380PS и вртежен момент од 450Nm. Овој целосно алуминиумски мотор овозможува моментален пристап до високите перформанси и вртежни моменти при кој било број на вртежи на моторот, како и уникатен звук.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА

Обезбедувајќи брза промена на степените на пренос за беспрекорно забрзување, автоматската трансмисија со 8 степени на пренос кај XF има брза реакција и мирна и ефикасна работа. Со современиот вртлив селектор во бојата Satin Black - трансмисијата нуди уште побрзо менување на степените на пренос и поспортски „kick-down“ (нагло забрзување) во динамичкиот режим и порана промена во повисок степен на пренос во еко режимот. Може да изберете и рачно менување на степените на пренос, преку лопатките поставени на воланот, со еден допир на прстот.

РАЧНА ТРАНСМИСИЈА

Напредната, со мала тежина, рачна трансмисија3 со 6 степени на пренос придонесува за извонредната ефикасност на XF. Нејзиното куќиште од алуминиумска легура, шупливите вратила и олеснетите запченици го штедат секој можен грам од тежината - со што оваа единица е со најмала тежина во својата класа. Специјално дизајнирана за перформансите на спортски автомобили - се одликува со глатки, кратки промени на степените на пренос и врвно ниво на комфор.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:bAjXotBQMK4
DRIVING DYNAMICS
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА И ИНТЕЛИГЕНТНА ДИНАМИКА НА ПОГОНОТ
XF го нуди уникатниот систем на Jaguar Погон на сите тркала со Интелигентна динамика на погонот (IDD)1 и Системот за прилагодување кон површината (AdSR)4 кај бензинските модели и кај моделите со дизел мотор. Ексклузивно развиен од Jaguar, уникатниот софтвер IDD се карактеризира со софистицирани алгоритми за да може интелигентно да реагира на условите на патот. Системот работи со предвидување а има и брза реакција, се грижи да не ја изгубите тракцијата наместо да работи за да ја добиете повторно. Надополнувајќи ја способноста на XF, системот AdSR може да работи на секаков број на вртежи на моторот, автоматски препознавајќи ги разликите помеѓу површините за да го искористи максимално расположивиот зафат на тркалата со површината.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:oES1iJR62V0
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)
Уникатен во оваа класа на автомобили, системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC)5 на Jaguar ви дава дополнителна сигурност во лизгави услови - тргнување на патека покриена со снег, возење на наклон со мраз на коловозот, дури и при влечење по мокра трева. ASPC е систем за контрола на мала патна брзина којшто се грижи XF да ги надмине ситуациите со мала тракција, без оглед на временските услови, и да ви овозможи да се концентрирате на управувањето.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:tIehVGxFtw8
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Инспириран од спортскиот автомобил F-TYPE, опционалниот систем Динамика којашто може да се конфигурира6 ви овозможува да ја поставите динамиката на XF за мапирање на гаста, моментите на менување на степените на пренос и за управувањето за да одговара на вашите потреби за перформанси. Системот се активира кога ќе се избере динамичкиот режим во JaguarDrive Control. Динамичкиот режим го оживува спортскиот карактер на XF со поостра реакција на гаста, го прави управувањето потврдо и дава побрза промена на степените на пренос и таа промена ја изведува на повисок број на вртежи на моторот. Кога е вграден опционалниот систем Прилагодлива динамика, можете да внесете личен детаљ во поставките преку конфигурација на поставките за амортизерите.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:AkxF9B31yoY
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Независно дали забрзувате на автопат, совладувате свиоци на локални патишта или се движите низ град, системот Прилагодлива динамика6 ја модифицира реакцијата на XF за да се совпадне со условите и со вашот стил на возење. Системот постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу смиреноста и комфорот за цело време.
ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ (EPAS)

Електричниот серво управувач (EPAS) на XF нуди извонредена повратна информација, контрола и моментна помош за управувањето. Овозможувајќи софистицирана компјутерска контрола за да се прилагоди нивото на поддршка за управувањето, EPAS фино го одредува износот на помош за управувањето во секој свиок и за секое маневрирање. EPAS исто така работи заедно со другите карактеристики за помош во автомобилот, вклучувајќи ги Помош за задржување во коловозна лента (LKA) и системот Помош при паркирање7, за да понуди повисоко ниво на безбедност и да ја зголеми удобноста на возачот.

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:1yDFHRy2PJE
JAGUARDRIVE CONTROL

JaguarDrive Control ви овозможува да изберете Стандарден, Еко, Динамичен или режимот Дожд Мраз Снег, и секој од нив суптилно ги менува управувањето, реакцијата на гаста и моментите за менување степен на пренос. Еко режимот го поддржува штедливото возење додека динамичниот режим ја заострува реакцијата на гаста, го продолжува задржувањето во одреден степен на пренос и го прави управувањето потврдо. Преку избирање на режимот Дожд Мраз Снег, системот автоматски го придушува забрзувањето и нанесува постепено зголемување на тракцијата во лизгави услови.

Современиот, наградуван дизајн на Jaguar, напредната динамика на возење и најмодерниот систем за информации и забава за автомобил го одвојуваат XF од конкуренцијата. Искористете го нашиот конфигуратор за да го креирате вашиот совршен XF.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

1Во зависност од пазарот.
3Достапно кај 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS и 2.0-литарски 4-цилиндричен 180PS Ingenium дизел мотори со турбо полнач.
4AdSR е опционален кај возилата со Погон на сите тркала опремени со Прилагодлива динамика.
5Само со автоматска трансмисија.
6Опционално кај сите мотори освен кај 2.0-литарски 4-цилиндричен 163PS дизел мотор. Стандард кај XF S.
7Опционална карактеристика. Бара вградување на системот 360° Помош при паркирање.
‡Сите вредности се цели на производителот и се предмет на крајно потврдување пред да се почне со производство. Забележете дека вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала, а најниските вредности може да не се постигнат со стандардните тркала.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url