ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Во XE се вградени карактеристики коишто се грижат безбедно да пристигнете до вашето одредиште.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
СЕКОГАШ ДОСТАПЕН
ПРАКТИЧЕН ПРОСТОР ЗА БАГАЖ

Со опцијата за делливи задни седишта со соборување, слободно соборете го вториот ред на седишта и спакувајте го целиот ваш багаж. Дури и ако ви се рацете зафатени, можете да имате комотен пристап до крајната врата со помош на опционалната крајна врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација. Оваа функција ви овозможува едноставно отворање и затворање на крајната врата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:1MHfdW1iFo0
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
ИТНО КОЧЕЊЕ
Во случај да се забележи потенцијален судар, XE издава звучно предупредување за челен судар. Потоа, следат визуелни предупредувања. Ако возачот воопшто не реагира, системот ќе ги активира кочниците за да се намали тежината на можниот судар. Во системот спаѓаат и сензори за пешаци.4
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
Системот Контрола на патна брзина ви овозможува да ја одржувате тековната брзина на возилото без да има потреба за постојана употреба на педалот за гас – се грижи за намалување на заморот. Системот Ограничувач на брзината ви овозможува претходно да ја поставите максимално одредената брзина којашто возилото нема да ја надмине.
ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА И ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК
Технологијата Препознавање сообраќаен знак (TSR) на Jaguar користи предна камера со голема прецизност за да ги забележува знаците за дозволена брзина и за забрането претекнување, а потоа му ги прикажува на возачот. Системот ги зема во предвид привремените знаци за дозволена брзина и условите на патот.
НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
Забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан и ви дава рано предупредување кога треба да направите пауза и да се одморите.
ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Работејќи заедно со системот Предупредување за напуштање на коловозна лента, системот Помош за задржување во ловозна лента чувствува кога вашето возило ненамерно излегува од коловозната лента и со активирање на воланот нежно го враќа возилото назад во лентата.
КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
Камерата за поглед наназад ви обезбедува видливост кога се движите наназад. За да ви помогне при паркирање, на екранот на допир се појавуваат статични линии што го претставуваат XE и неговата предвидена патека.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Со цел сите учесници во сообраќајот да бидат безбедни, опционалните Матрикс ЛЕД фарови автоматски го прилагодуваат обликот на снопот за да се избегне заслепувањето на возилата што доаѓаат од спротивна насока. Заедно со анимираните трепкачи за правец им овозможуваат на останатите учесници во сообраќајот порано да ја забележат вашата планирана насока на движење.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:X_X_OC8Mzlo
ПАКЕТИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Секој пакет нуди лепеза од карактеристики што се грижат за вашата безбедност и редовна информираност. Пакетот Park е стандард кај SE. Пакетот Park и пакетот Drive се стандард кај моделот HSE.

ПАКЕТ PARK
ПАКЕТ DRIVE
ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Системот Помош при паркирање ги прави паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни преку управување на вашето возило во погоден простор. Вие треба само да изберете соодветен степен на пренос и да ја контролирате брзината на возилото, додека графиките и известувањата ќе ве водат низ потребните маневри.
360° ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Нашиот систем 360ᵒ Помош при паркирање ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Сензорите што се поставени околу возилото автоматски се активираат кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад (Reverse), или можат да се активираат рачно, а на екранот на допир се појавува графика којашто го прикажува погледот од горе на автомобилот. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Системот Набљудување на сообраќајот зад вас особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место. Системот ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни на вашето возило. Ќе ве извести со звучно и со визуелно предупредување така што знаете што има зад вас, дури и кога погледот ви е попречен.
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА
Одржува безбедно растојание до возилото пред вас дури и кога тоа забавува. Доколку возилото пред вас застане во место, и вие полека ќе застанете во место зад него. Во тргни - застани сообраќај, системот Прилагодлива контрола на патна брзина автоматски ќе продолжи со движењето следејќи го автомобилот пред вас.
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Системот Итно кочење при голема брзина забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар.
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Системот Помош за мртов агол може да ви помогне да спречите судар. Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло, а движењeто на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url

1Опционално кај S.
2Опционално кај S и SE.