ТЕХНОЛОГИЈА-ВО-АВТОМОБИЛ ВО JAGUAR XE

Унапредување со најновата технологија, обезбедува поголема безбедност, сигурност и поврзливост во вашиот XE.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
TOUCH PRO DUO

Системот Touch Pro Duo го комбинира горниот екран на допир од 10” со дополнителниот долен екран на допир од 5.5” и ви овозможува двојна работа за вашите потреби со технологија-во-автомобил. Следете го системот за навигација без да ја нарушите работата на системот за забава, до којшто имате пристап на дополнителниот долен екран1.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
INCONTROL
ПАКЕТ ONLINE
Секој е поврзан, нашиот пакет Online2 се карактеризира со 4G Wi-Fi хот-спот и обезбедува поврзливост за не повеќе од осум уреди. Во овој пакет е вклучена и функцијата Smart Settings насочена кон создавање персонализирано доживување во возењето.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:i4CqncNGdwU
CONNECTED NAVIGATION PRO
Добивајте најнови сообраќајни информации во живо и редовно информирајте ги пријателите за вашето време на пристигнување. Функцијата Connected Navigation Pro2 вклучува водење од врата до врата од вашиот паметен телефон, сателитски поглед и достапни паркинг места.
ПАКЕТ SMARTPHONE
By screen sharing with your InControl infotainment system, you can stay safely connected to your smartphone even while in the vehicle. Applications include both Android AutoTM and Apple CarPlay®.

Apple CarPlay is a trademark of Apple Inc., registered in the U.S. and other countries.
Android is a trademark of Google LLC.
INCONTROL APPS
InControl Apps го поврзува вашиот паметен телефон со екранот на допир во вашето возило, што значи дека можете да останете сигурно поврзан со вашиот паметен телефон дури и кога сте во автомобилот. InControl Apps ви овозможува да ги контролирате компатибилните апликации на вашиот екран на допир, како што се Spotify и Tile, осигурувајќи безбедно и удобно користење на апликациите коишто се оптимизирани специјално за употреба во вашето возило.
REMOTE
Бидете поврзан со XE. Компатибилна со повеќето Apple и Android паметни телефони, апликацијата Remote ви овозможува да бидете во тек и да комуницирате со главните информации за возилото вклучувајќи ги достапната автономија, статусот на полнењето, степенот на полнењето и состојбата на приклучувањето.
SECURE TRACKER
Ако некој провали во вашиот автомобил или ако го придвижи нелегално, опционалниот систем Secure Tracker автоматски испраќа известување до вас и до центарот за набљудување и ќе се погрижи возилото да се лоцира и да се оспособи што е можно побрзо.
УДОБНОСТ
УРЕД ЗА БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Секогаш бидете поврзан во вашиот XE. Опционалниот уред за безжично полнење беспрекорно ја надополнува батеријата на вашиот телефон и ви обезбедува целосна удобност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
yt:JJia-FVpERM
ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Најсовремена технологија ви овозможува непречен поглед зад вашиот Jaguar XE*. На вашиот внатрешен ретровизор се прикажува видео во живо што го снима камерата поставена во капсулата на антената. Ова видео во живо обезбедува постојана видливост без оглед на тоа што се наоѓа зад вас.

*Опционална опрема. Клиентите коишто користат прогресивни (варифокални) или бифокални наочари можат да имаат проблеми додека се прилагодуваат на дигиталниот режим на огледалото. Нормалниот режим, сепак, може да се користи во секое време.

yt:N2AXNP2v4J8
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
Опционалниот Head-up дисплеј (HUD) ги прикажува клучните податоци за возилото врз ветробранското стакло. Се карактеризира со кристално чиста графика во боја со висока резолуција, овозможувајќи ви да ги гледате со леснотија сите команди на возачот и информации.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:pDI6RsIJ2is
ИНТЕРАКТИВЕН ДИСПЛЕЈ ЗА ВОЗАЧОТ
XE се карактеризира со опционален 12.3"-ен Интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција, што гарантира дека секогаш ќе уживате во забавата, ќе бидете информирани и поврзани. Системот може да прима и прикажува информации за возењето, забавни содржини и податоци за активната безбедност вклучувајќи ги навигацијата, телефонот и медиумите.
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN<sup>TM</sup>
Оживејте ја вашата музика со два опционални аудио системи од британските експерти за звук MeridianTM. Врвниот аудио систем Meridian со опкружувачки звук со технологијата TrifieldTM емитира полн и чист звук како да се работи за изведба во живо.
ИСТРАЖЕТЕ ГО MERIDIAN
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url

1Опционално кај S и SE.
2Опционално кај S.
3Secure Tracker ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач на Jaguar.
4Стандард кај HSE.