ПЕРФОРМАНСИ НА ВОЗЕЊЕ

Искусете го едноставното но возбудливо возење со помош на напредните технологии и инженерингот на XE.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:sICXbRVdbpQ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
КОМФОР И ДИНАМИКА
АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА

Конструкцијата со мала тежина не само што ги намалува потрошувачката на гориво и емисијата на CO2, туку значи и дека серијата XE има можност да постигне сѐ од 106g/km до максимална брзина од 250km/h.

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

Со максимирање на контролата по секакви површини, XE постојано ја набљудува и урамнотежува распределбата на вртежниот момент за да се подобри зафатот на тркалта со подлогата и управувањето на возилото. Системот ја намалува подуправливоста преку активирање на кочниците на внатрешните тркала со што насочува поголем дел од вртежниот момент кон надворешните тркала и на тој начин се грижи за стабилноста на возилото.

yt:Fw9zhsJ6JWc
АЛУМИНИУМСКА КОНСТРУКЦИЈА СО МАЛА ТЕЖИНА
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ
ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА (AWD)
Системот Погон на сите тркала кај XE ги подобрува перформансите и контролата на возилото. Вградениот софтвер Интелигентна динамика на погонот (IDD) ги анализира тековните услови на патот и ја распределува моќноста помеѓу тркалата за да се постигне динамичка управливост на секаква подлога.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:Ul20FhA6c6g
СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)
Нашата технологија за теренска реакција, Систем за прилагодување кон површината (AdSR)1, работи со Погон на сите тркала за да осигура глатко возење во тешки услови. Системот AdSR ги препознава разликите помеѓу површините и ја прилагодува реакцијата на педалот за гас на XE за да овозможи стабилно возење преку различни површини како што се трева, чакал или снег.
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА (ASPC)
Системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC) на Jaguar е контрола на мала патна брзина што се грижи да одржувате рамномерна патна брзина во услови на мала тракција.
ВДАХНОВЕНО ПОТПИРАЊЕ
Софистицираните предни и задни системи за потпирање на XE ја прошируваат неговата динамичка способност. Пасивното спортско потпирање2 нуди потврди пружини и уникатен серво волан – и двете карактеристики придонесуваат за агилното возење на XE.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:sTT2DEs-cZ8
МОТОРИ И ТРАНСМИСИИ
МОТОРИ

Бензинските и дизел моторите од нашата палета на мотори се дизајнирани да ги комбинираат ниската потрошувачка на гориво со глатките перформанси и секогаш да ви овозможат возбудливо патување.

yt:cK3hJ7NNFEk
СЕРИЈА МОДЕЛИ

Палетата на мотори на Jaguar се карактеризира со иновативни технологии за да се обезбеди пониска потрошувачка на гориво и емисија на CO2 без да се нарушат перформансите.

БЕНЗИНСКИ
XE нуди два бензински мотори од серијата Ingenium со моќност од 250PS и 300PS. Флексибилниот 2.0-литарски 4-цилиндричен бензински мотор со турбо полнач ги оптимизира перформансите и потрошувачката на гориво на вашиот Jaguar XE.
НОВ ДИЗЕЛ
2.0-литарскиот дизел мотор со турбо полнач нуди оптимална комбинација од економичност и перформанси и развива моќност од 180PS. Турбо полначот ја намалува „турбо дупката“ со создавање постојани перформанси.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ДИНАМИЧНО ВОЗЕЊЕ
ПАКЕТ DYNAMIC HANDLING

Унапредување на естетиката на возилото и на вашето доживување при возењето. Овој пакет се карактеризира со системот Динамика којашто може да се конфигурира, Прилагодлива динамика, црвени шепи на кочниците, предни кочници со дијаметар од 350mm и спојлер на крајната врата/капакот на багажниот простор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Персонализирајте ги карактеристиките за возење за да одговараат на вашите желби. Системот Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ја прилагодите тежината на управувањето, мапирањето на трансмисијата и реакцијата на гаста.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:r6FXUvAlcok
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Независно дали забрзувате на автопат, совладувате свиоци на локални патишта или се движите низ град, системот Прилагодлива динамика ја модифицира реакцијата на XE за да се совпадне со условите и со вашот стил на возење. Системот постојано ги прилагодува амортизерите за да обезбеди оптимална рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста за цело време.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:F_ecqRJGdko
JAGUAR DRIVE CONTROL
Со помош на системот JaguarDrive Control безгрижно уживајте во вашиот омилен стил на возење преку неговите режими за возење Comfort (комфор), ECO (еко), Dynamic (динамика) и Rain, Ice, Snow (дожд, мраз, снег).
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:e6qPki3mQk0
EPAS
Електричниот серво волан (EPAS) нуди извонредна контрола, повратна информација и реакција. Прецизен е при голема брзина и дава целосна помош при бавните маневрирања.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:Behx2sCilJo
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url

1Достапно само со Динамика којашто може да се конфигурира и Прилагодлива динамика.
2Достапно само кај XE R-Dynamic со погон на задните тркала.