Со многу иновативни технологии што се на располагање, ќе сфатите дека сите карактеристики се дизајнирани за да го збогатат вашето доживување при возењето и обезбедуваат поголема безбедност.
Дизајниран да се грижи за вашата безбедност, за безбедноста на вашите сопатници, на батеријата и на останатите учесници во сообраќајот, I‑PACE е осмислен да содржи множество од безбедносни карактеристики.
I‑PACE користи комбинација од алуминиум и челик за да формира крут кафез околу батеријата којшто обезбедува зголемена безбедност за сите патници во возилото.
Од справување со градската гужва до големите брзини на отворен пат, за обезбедување дополнителна безбедност за вас и вашите сопатници во I‑PACE има множество од иновативни безбедносни технологии што се дел од стандардната опрема, се нудат како опционална опрема или како дел од опционален пакет.
За да се поедностави возењето на долги релации и во комплицираните ситуации во густ сообраќај, I‑PACE го нуди системот Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош за управување. Овој систем автоматски го поставува I‑PACE во средината на неговата коловозна лента и го управува долж неа, а истовремено го одржува поставеното растојание до возилото пред него.
Секој пакет нуди лепеза од карактеристики што се грижат за вашата безбедност и редовна информираност. Пакетот Blind Spot Assist е стандард кај моделите I‑PACE SE и HSE. Пакетот Driver Assist е стандард кај моделот I‑PACE HSE. Пакетот Park Assist е опционален кај сите модели.
Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.