Дизајнот на I-PACE отвора бескрајни можности. Беспрекорно интегрираните технологии, безжичното полнење уреди и засилувачот на телефонскиот сигнал се грижат за едноставно контролирање на функциите на I-PACE, а и на вашите поврзани уреди.
I‑PACE има компактни габаритни димензии, но исклучително пространа внатрешност. Конструкцијата на електричен автомобил ја дава слободата да се замисли нов простор во внатрешноста за вас и вашите сопатници.
Конструкцијата на I‑PACE овозможува предните седишта да се постават уште понапред кон просторот кадешто традиционално беше сместен моторот, подобрувајќи ја положбата за возење. Ова обезбедува и поголемо растојание помеѓу предните и задните седишта, што им дава дополнителен простор за нозете и комфор на патниците на задните седишта.
Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.