Револуционерниот дизајн на I‑PACE е верен и на духот на Jaguar и на идејното возило I‑PACE Concept.
Од нагласените лаци над предните тркала до задниот дифузор, секој елемент аеродинамичниот дизајн на I‑PACE му овозможува на автомобилот лесно да го сече воздухот за да се постигне оптимизирана автономија и стабилност.
Истакнатата украсна маска се заоблува навнатре - го намалува отпорот преку насочување на воздушното струење низ отворот во вдлабнатината во хаубата, коешто потоа минува преку заоблената линија на покривот со што се добива максимална ефикасност.
Издигнатите агли го насочуваат воздухот за тој глатко да го напушти возилото, минимизирајќи ја разликата во притисоците што предизвикува аеродинамичен отпор.
За да се осигура непрекинато струење на воздухот долж целата надворешност, кваките на вратите се во истата рамнина со страничните површини на автомобилот.
Кабината за возачот е поставена ниско, опфатена со крилата, што создава чувство на движење и ја надополнува зашилената странична линија на каросеријата.
Тенките футуристички ЛЕД фарови се карактеризираат со нашиот препознатлив двоен „Ј“ графички потпис и на I‑PACE му даваат јасна појава на патот, додека покривот, којшто може да биде во боја на каросеријата, во црна контрастна боја или од панорамско стакло, нуди исклучително мирна и непрекината линија.
За да имате подобра видливост и поголема безбедност при ноќното возење, изберете ги опционалните матрикс ЛЕД фарови со препознатливи светла за дневно возење DRL.
Мазните задни светла на I‑PACE се исто така со ЛЕД технологија. Кога се избрани опционалните матрикс ЛЕД фарови со препознатливи светла за дневно возење DRL
Покривот на I‑PACE е достапен во боја на каросеријата, во црна контрастна боја или, за да ја полни кабината во природна светлина, од панорамско стакло.
Направете го I-PACE навистина Ваш со избор на еден од 11-те модели на тркала. Тркалата се достапни во димензиите од 18” дo 22”. Меѓу другите опции тука е и тркалото од 22" Style 5069, со 5 краци, во сјајна црна боја Gloss Black со контрастна завршна обработка со дијамант и влошки од карбонски влакна (на сликата)
Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.