ЕЛЕКТРИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ

Возбудувачка моќност и динамика на Jaguar со нулта емисија на издувни гасови - сѐ што би можеле да очекувате од еден целосно електричен перформансен SUV.

Повеќе од осумдесет години Jaguar создава автомобили што ги возбудуваат сетилата. Електричната енергија не го менува тоа, таа само нуди повеќе прилики за создавање на впечатливите перформанси по коишто сме познати.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ДИНАМИКА НА JAGUAR

Погонскиот систем на I‑PACE развива моќност од 400PS и инстантен корисен вртежен момент од 696Nm. Со помош на тракцијата од вградениот систем за погон на сите тркала, I‑PACE забрзува од 0 до 100km/h за 4.8 секунди.

БАТЕРИЈА
Батеријата на I‑PACE со капацитет од 90kWh е дизајнирана за долг работен век и ги поддржува продолжените периоди со непрекината максимална моќност. Местоположбата на батеријата во границите на меѓуоскиното растојание му обезбедува на возилото ниско тежиште, природна поволност за динамиката на возилото, правејќи го I‑PACE вистински автомобил за возачот.
МОТОРИ
I‑PACE го движат два синхрони електромотори со перманентни магнети интегрирани со предните и задните оски. Овие мотори развиваат моќност од 400PS и инстантен корисен вртежен момент од 696Nm. Со помош на тракцијата од вградениот систем за погон на сите тркала, I‑PACE забрзува од 0 до 100km/h за 4.8 секунди.
ТРАНСМИСИЈА
I‑PACE does not require a conventional transmission. Instead, it is all about simplicity. JaguarDrive instantly delivers sustainable acceleration from 0-12,000rpm with no lag and no gearshift interruptions.
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ
Со максимирање на агилноста како кај спортски автомобил за зголемена самодоверба на возачот, системот насочување на вртежниот момент преку кочење обезбедува контролирано независно кочење на поединечно внатрешно предно и задно тркало за да ги зголеми силите на вртење што дејствуваат на автомобилот. Во повеќето случаи поголема сила за кочење се нанесува на задното внатрешно тркало бидејќи со тоа највеќе се зголемува способноста за вртење во свиоци, додека предното внатрешно тркало се кочи за да се добие поголема ефективност и префинетост.
АКТИВНО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ
Со намалување на просторот помеѓу автомобилот и коловозот се унапредуваат аеродинамичките перформанси и автономијата. Опционалниот систем за активно воздушно потпирање кај I‑PACE автоматски го спушта автомобилот за 10mm при патување со брзина поголема од 105km/h подолго време.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
Системот Прилагодлива динамика нуди и прецизна динамика и еластично, луксузно возење преку набљудување на движењата на возилото до 500 пати во секунда. Овој систем постојано ги анализира забрзувањето, акивностите со воланот, со педалите за гас и кочница, а амортизерите со електронска контрола се прилагодуваат за да се оптимизираат поставките на потпирањето и да се обезбеди оптималната рамнотежа помеѓу комфорот, префинетоста и агилноста за цело време.
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Кога е вграден системот Прилагодлива динамика, тогаш системот Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ги персонализирате чувствителноста на педалот за гас, реакцијата на воланот и крутоста на амортизерите на I‑PACE. Изберете го режимот Dynamic (динамичен режим) за да го оживеете спортскиот карактер на I‑PACE.
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

I‑PACE има карактеристики за возење за секаква површина, по секакви временски услови. Моќноста и вртежниот момент се добиваат веднаш, а електромоторите можат независно да се прилагодат на командите на возачот, условите на површината на коловозот и расположивиот зафат на тркалата со подлогата.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:cBHgLRA_J4Y
СИСТЕМ ЗА ПРИЛАГОДУВАЊЕ КОН ПОВРШИНАТА (AdSR)
Користејќи ги нашите ненадминати карактеристики со системите за погон на сите тркала, системот за прилагодување кон површината (AdSR) постојано го набљудува опкружувањето на автомобилот и ги прилагодува соодветните поставки на моторот и кочниците. Откако ќе се избере, системот AdSR работи на сите брзини за да ве поддржи во неповолни временски услови и кога минувате преку предизвикувачки површини.
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКВА ПОВРШИНА
Системот за контрола на движењето по секаква површина е најсовремен систем што ви овозможува да поставите и одржувате постојана брзина во предизвикувачки услови, какви што се на лизгави површини. Системот функционира на брзини меѓу 3,6km/h и 30km/h, и ви овозможува целата концентрација да ја насочите кон патот пред вас.
ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА
Обезбедувајќи ви контрола за оптимален вртежен момент кога тргнувате од место, системот Тргнување при мала тракција ја подобрува способноста при лизгави услови како мокра трева, снег или мраз. Системот останува активен сѐ додека автомобилот не постигне брзина од 30km/h - потоа I‑PACE беспрекорно се враќа во избраниот режим за возачот.
НАПРЕДНО РЕГЕНЕРАТИВНО КОЧЕЊЕ
За да се максимира автономијата, I‑PACE користи систем за напредно регенеративно кочење што ја регенерира скоро целата енергија од кочењето. Штом ќе го подигнете стопалото од педалот за гас, системот обезбедува регенеративно кочење, при што комфорно го забавува движењето на I‑PACE додека ја претворува енергијата што се генерира за да се оптимизира автономијата на батеријата.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:SYHRnVOY9I0
КОЧЕЊЕ ВО ГУСТ СООБРАЌАЈ
Возењето во густ сообраќај е едноставно - со помош на екранот на допир на I‑PACE, можете да го подигнете нивото на регенеративното кочење. Соодветното зголемување на забавувањето значи дека во тргни-застани сообраќај, на пример, постои многу поголема контрола на брзината на автомобилот користејќи го само педалот за гас.
АКТИВНИ КРИЛЦА
За да се добие оптимална рамнотежа помеѓу ладењето и аеродинамиката, карактеристиката Активни крилца ги отвора крилцата кога се бара ладење на батеријата, но кога ладењето не е потребно ги затвора крилцата за да се добие глатко струење на воздухот.
ТОПЛИНСКА ПУМПА

За да се добие оптимална рамнотежа помеѓу ладењето и аеродинамиката, карактеристиката Активни крилца ги отвора крилцата кога се бара ладење на батеријата, но кога ладењето не е потребно ги затвора крилцата за да се добие глатко струење на воздухот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:L_qIh5J2OsY

Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Официјални вредности според EU испитувања од испитувањата на производителот според законите на EU. Служат само за споредба. Реалните вредности и податоците за вкупните перформанси на EV (електрично возило) можат да се разликуваат во зависност од променливите величини во возењето и околината.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url