Како целосно електричен автомобил со нулта емисија на издувни гасови, I PACE отвора свет на поволности.
Со усогласување на електричните перформанси со дизајнот што е верен на духот на Jaguar, I‑PACE вклучува грижа, сервис и поддршка коишто со поседувањето Jaguar секогаш се добиваат. A како електрично возило со нулта емисија на издувни гасови, I‑PACE може да понуди и дополнителни предности меѓу коишто се пристапот до стимулации и поволности коишто ги обезбедуваат владата, локалните власти и деловната заедница поддржувајќи го преминувањето кон електрични автомобили.
Некои влади нудат директна финансиска стимулација или им овозможуваат на возачите на електрични автомобили да не плаќаат даноци при купување, како што се ДДВ или GST (данок на стои и услуги), што се задолжителни при купување бензински или дизел возила. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Општо земено, акцизните давачки за електрични автомобили се пониски, а може да бидат и нула. Во земји кадешто регистерските таблички се купуваат дополнително или се добиваат на лотарија, електричните возила можат да имаат поволности преку намалени трошоци па дури и целосно да ја избегнат лотаријата за регистрација на возила. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Во некои земји ѕидните полначи можат да се добијат по повластена ставка. Исто така, може да се понудат стимулации за инсталирање колективен објект со опрема за полнење во станбени згради со заедничко домување и на работни места. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Електричните возила можат да овозможат поволност преку значително пониски даночни стапки од еквивалентните бензински или дизел автомобили што се нудат како службени возила за вработените во компанијата. Исто така може да има и и сметководствени поволности за вашиот работодавач во однос на намалување на вредноста на имотот. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Опремата за бесплатно полнење може да биде достапна додека сте паркирани во трговски центри, хотели и други места. Ова е познато како одредишно полнење. Други центри можат да понудат намалени трошоци за полнење врз основа на вашето време минато во одредениот центар. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
На патишта кадешто се плаќа патарина, понекогаш електричните возила се ослободени од тоа плаќање. И, се разбира, од нив нема да се бара да платат никакви давачки за емисија на издувни гасови што се воведени за бензинските и дизел автомобили. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Во некои градови, на електричните возила им е дозволено да ги користат коловозните ленти наменети за возила со повеќе патници, без патници во нив, како и коловозните ленти наменети за автобуси. Исто така, можете да се паркирате на места каде што не им е дозволено паркирање на бензински и дизел возила, или пак можете да паркирате по пониска цена. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Стимулациите се разликуваат од земја до земја, па дури и од град до град, и можат да се изменат без претходно известување. За да дознаете повеќе информирајте се на веб-локацијата на Jaguar за вашата земја или кај вашиот локален продавач на Jaguar.
Со искуство од скоро еден век во производство на возила и нивна поддршка, поседувањето Jaguar обезбедува спокојство. Батеријата на I PACE е покриена со сеопфатна 8-годишна гаранција*. А секогаш ќе имате и целосна поддршка од нашата добро позната мрежа на продавачи на Jaguar и од нашите висококвалификувани техничари коишто го познаваат вашиот Jaguar до последниот детаљ.
*Гаранцијата на I PACE е ограничена на 8 години или 160,000 km (кој било услов што ќе се исполни прв) и е откуплива ако состојбата на батеријата падне под 70 проценти од нејзината идеална состојба.
Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.