I‑PACE ви овозможува да одите подалеку.
Ги комбинираме нашата страст за дизајн и нашите технологии за електрични автомобили за да добиеме возило со нулта емисија на издувни гасови коешто недвосмислено останува Jaguar. I‑PACE има автономија од 470km (292 миљи) според циклусот на WLTP*. Ова е овозможено преку комбинацијата на неговата литиум-јонска батерија од висока технологија којашто има капацитет од 90kWh и коефициентот на отпор на воздухот на I-PACE што изнесува 0,29Cd.
*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење.
Изберете категорија за да дознаете како таа влијае врз автономијата на I‑PACE.
Системите за греење и климатизација на воздухот трошат енергија и тоа може да ја намали автономијата. Овие системи најчесто се употребуваат на почетокот на патувањето така што, за да се намали нивното влијание врз автономијата, I‑PACE има способност за претходно климатизирање на внатрешноста пред тргнувањето додека автомобилот сѐ уште се полни. Ова му овозможува на I‑PACE да користи струја од електричното напојување, а не од батеријата, за да ја грее или лади внатрешноста.
Екстремно ниските и високи температури влијаат на тоа колку добро може батеријата да го одржува своето ниво на полнење. I‑PACE се карактеризира со софистицирани системи за управување со топлината коишто се грижат батеријата да се одржува на нејзината оптимална температура и го минимизираат влијанието на надворешните температури врз автономијата на автомобилот.
Најголемо влијание врз автономијата има возачот. Честото, силно забрзување ќе има штетно влијание на состојбата со полнење на возилото, додека патувањето со мирно темпо ќе помогне да се сочува автономијата на електричниот автомобил. Постепеното забрзување може исто така да ја намали вашата зависност од нагло кочење коешто троши повеќе енергија од нежното кочење. Патувањето со мирно темпо ќе помогне да се сочува автономијата на електричниот автомобил.
И забрзувањето и кочењето трошат енергија.
Повторливите забрзувања и кочења, што е случај во густ сообраќај, можат да бидат исцрпувачки за батеријата какви што се и за возачот.
Со одржување непроменета брзина колку што е можно повеќе во густ сообраќај ќе се погрижите за сочувување на автономијата.
Батеријата на I‑PACE се полни преку приклучната точка за полнење на автомобилот, дискретно поставено зад лакот на предното крило. Откако ќе го приклучите, можете слободно да го оставите I‑PACE да се полни. Возилото автоматски ќе го прекине полнењето кога ќе се достигне полниот капацитет. Полнењето на автомобилот на дожд, или дури кога е паркиран на снег, е сосема безбедно, бидејќи системот за полнење е целосно затворен.
Пронајдете ја вашата одушевувачка комбинација од перформанси, технологија и стил на Jaguar.
*WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење.
Податоците за перформанси не се применуваат за моделите што се продадени во Кина.
Официјални вредности според EU испитувања од испитувањата на производителот според законите на EU. Служат само за споредба. Реалните вредности и податоците за вкупните перформанси на EV (електрично возило) можат да се разликуваат во зависност од променливите величини во возењето и околината.