БЕЗБЕДНОСТ И ПРАКТИЧНОСТ

Ова е автомобил за возачот. Без сомнение.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА БЕЗБЕДНОСТА
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar блиску до вас
ТУКА СТЕ НА СИГУРНО МЕСТО

Заштитните рамки при превртување се битна безбедносна карактеристика кај моделите Convertible, а и функционираат соодветно. Завршната обработка е во Satin Chrome или во црната боја Gloss Black.

МЕСТО ЗА ДВАЈЦА
СИГУРНОСТ
F‑TYPE се карактеризира со обемен систем од воздушни перничиња за вас и вашиот сопатник. Сензорите ја забележуваат вашата големина и тежина пред да дојде до соодветно надувување на предните воздушни перничиња. Напредните предзатегнувачи на безбедносните ремени кај F‑TYPE автоматски ги затегнуваат безбедносните ремени при појава на нагло намалување на брзината.
ПРОСТОР ЗА НЕОПХОДНИ НЕШТА
Повеќе од доволно простор за еден пријатен викенд. Багажниот простор на F‑TYPE нуди доволно простор за рачниот багаж на двајца патници. Кај варијантата coupé, има опција за капак на багажниот простор со електромоторен погон што овозможува автоматско отворање и подигнување на капакот со допир на погодно поставено копче.
ОСВЕТЛЕТЕ ЈА ТЕМНИНАТА

Опционалните нови Пиксел ЛЕД фарови кај F-TYPE се карактеризираат со интелигентна технологија што овозможува разделување на долгите светла за да се избегне заслепувањето на останатите возачи. Долгото светло ја прилагодува ширината и длабочината на својот сноп во однос на вашата брзина, или кога вртите во свиок, снопот го следи свиокот на патот и гарантира поголема видливост во сите ситуации.

ЕДНОСТАВНО ОД А ДО Б

F‑TYPE е автомобил за возачот. Без сомнените. Напредните безбедносни сиситеми и системите за помош на возачот се грижат да се фокусирате на апсолутното задоволство во возењето.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
БЕЗБЕДНОСТ
ПАКЕТ BLIND SPOT ASSIST
Ако во вашиот мртов агол има друг автомобил кога ќе почнете да менувате коловозна лента, тогаш системот Помош за мртов агол го забележува тој автомобил и врши корективно движење со воланот за да ви укаже да се оддалечите од возилото што ви приоѓа. За òд наназад, системот Набљудување на сообраќајот зад вас на ист начин ве алармира преку екранот на допир за возилата што се движат зад вас.
ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА
Чувствува кога вашето возило ненамерно излегува од неговата коловозна лента и врши корективно движење со воланот за да го врати вашето возило назад во неговата коловозна лента.
КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
Камерата за поглед наназад обезбедува подобра видливост при òд наназад. За да ви помогне при паркирање, на екранот на допир се појавуваат статични линии коишто ја прикажуваат проектираната патека на вашето возило.
КОНТРОЛА НА ПАТНАТА БРЗИНА И ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
Системот Контрола на патната брзина ви овозможува да одржувате константна брзина без постојана употреба на педалот за гас. Системот Ограничувач на брзината ви овозможува да поставите максимална брзина на движење на возилото.
ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Паралелното паркирање е уште поедноставно со системот за помош при паркирање, којшто управува со вашето возило при влез и излез од погодно паркинг место. Откако ќе изберете степен на пренос за òд нанапред (Drive) или за òд наназад (Reverse), на вас останува само да ја контролирате брзината на возилото. Графиката и известувањата ве водат низ потребните маневри.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ СООБРАЌАЕН ЗНАК И ПРИЛАГОДЛИВ ОГРАНИЧУВАЧ НА БРЗИНАТА
Редовно ве информира за знаците за ограничување на брзината и забрането претекнување јасно прикажувајќи ги во групата инструменти. Системот Прилагодлив ограничувач на брзината ги користи информациите од системот Препознавање сообраќаен знак и се грижи вашето возило да не ја надмине ограничената брзина.
ИТНО КОЧЕЊЕ
Со помош на вградените камери системот се грижи да се спречи судар со други возила и пешаци. Ако се забележи ситуација за потенцијален челен судар, системот издава звучни и визуелни предупредувања. Ако не реагирате, тогаш системот ќе го активира кочењето за да помогне да се намали тежината на можниот судар.
НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
Преку набљудување на вашите команди со воланот и активностите со педалите за гас и кочници, системот Надзор на состојбата на возачот забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан и ви дава рано предупредување дека треба да направите пауза и да се одморите.
СИСТЕМ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ ВО ПНЕВМАТИЦИТЕ
Дополнување на потребата од редовна проверка на притисокот во пневматиците, системот постојано го набљудува притисокот во секое тркало и ве предупредува кога тој значително опаднал во еден или повеќе пневматици.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ F‑TYPE

Не постои погрешен одговор кога избирате помеѓу Coupé и Convertible.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила на Jaguar и споредете ги едно до друго
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Jaguar блиску до вас

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило на интернет.

Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.