ТЕХНОЛОГИЈА НА МОТОРОТ

F‑TYPE нуди палета на високонапредни V6 и V8 мотори со компресор.

Секој мотор се карактеризира со Рутов завоен компресор со два ротора којшто ги поддржува компактните димензии на моторот. За да се намали потрошувачката на гориво, особено во градското возење, во секој F‑TYPE е вграден, како дел од стандардната опрема, системот Интелигентен Stop/Start којшто има брза реакција. Достапен како со рачна така и со автоматска трансмисија, ќе најдете F‑TYPE којшто совршено одговара на вашиот стил.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
МОТОРИ
ПЕРФОРМАНСИ СО ТУРБО ПОЛНАЧ
2.0-литарскиот 4-цилиндричен бензински мотор со турбо полнач со моќност од 300PS во F‑TYPE нуди силни перформанси со префинетост и ефикасност. Овој мотор е опремен со иновативни технологии меѓу коишто се Интелигентна контрола на системот за постојано променлив òд на вентилите, Е-излезен вентил на турбо полначот и пумпа за масло со променлива зафатнина. Резултатот е исклучителна моќност, пониски трошоци за одржување и препородување на динамичките перформанси на F‑TYPE.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
МОЌНОСТ НА V6 МОТОРОТ
V6 моторите на F‑TYPE се моќни и префинети. Компактниот компресор со софистицирана контрола на притисокот на полнење и секундарниот вентил за гас ви даваат експлозија од моќност кога забрзувате, без никаква задршка. 3.0-литарскиот V6 мотор со моќност од 340PS развива вртежен момент од 450Nm и постигнува 0-100km/h за само 5,3 секунди. Моторот со поголема моќност, 380PS, развива вртежен момент од 460Nm за уште помоќни перформанси и има забрзување од 0 до 100km/h за само 4,9 секунди.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
V8 ПЕРФОРМАНСИ
Двата 5.0-литарски V8 мотори имаат врвна моќност. Парот брегасти вратила со независна променлива фаза ја оптимизира моќноста на секаков број на вртежи на моторот. Забрзувањето е брзо и прогресивно. Реакцијата е моментална. 5.0-литарскиот V8 мотор со моќност од 550PS во F‑TYPE R развива вртежен момент од 680Nm и од 0 до 100km/h забрзува за 4,1 секунди. Моторот во F‑TYPE SVR има поголема моќност, 575PS, и развива неверојатен вртежен момент од 700Nm, а од 0 до 100km/h забрзува за 3,7 секунди. Моќноста се пренесува преку нашата автоматска трансмисија Quickshift со 8 степени на пренос и системот за погон на сите тркала за да се добиваат оптимални перформанси во секакви услови.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ЗВУК НА СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ

Секој F‑TYPE е опремен со активен спортски издув што создава крешендо инспирирано од тркачки автомобил. Издувниот систем реагира на положбата на педалот за гас, на брзината и на бројот на вртежи на моторот преку отворање на активните вентили. Кога се отворени, овие вентили им овозможуваат на издувните гасови да се движат низ подиректна патека, со помалку прегради, во задниот лонец создавајќи побогат, повозбудувачки звук. Променливиот активен издув*, ви овозможува рачно да ги отворите издувните вентили така што можете да уживате во возбудувачкиот звук на F‑TYPE не секаков број на вртежи на моторот.

*Дел од стандардната опрема кај моделите F‑TYPE R-Dynamic, F‑TYPE R и F‑TYPE SVR. Опционална опрема кај F‑TYPE.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:uJBtIkDcUH8

Дизајниран да даде право уживање во возењето, техничкото совршенство на F‑TYPE нуди пространство од можности што ќе одговараат на барањата на секој возач и на секој пат. Coupé или Convertible, погон на задните тркала или погон на сите тркала, рачна или автоматска трансмисија, серијата модели F‑TYPE нуди по нешто за секој тип на возач. Дизајнирајте го и креирајте го својот совршен F‑TYPE со помош на нашиот конфигуратор или пријавете го вашиот интерес.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

*Стандард кај F‑TYPE R‑Dynamic, F‑TYPE R и F‑TYPE SVR. Опционално кај F‑TYPE. Возилата што се прикажани во филмовите може да не се точните претставници на најновите надградби и унапредувања. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url