JAGAUR GEAR - ДОДАТОЦИ

Завршни детали коишто F‑TYPE го прават само ваш.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Некои опишани карактеристики може да зависат од пазарот или од погонската единица. Обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url

Опрема - Додатоци на Jaguar ви овозможуваат да го персонализирате вашиот F‑TYPE по ваш вкус, според вашиот животен стил и да одговара на вашите интереси. Погледнете ги додатоците, а потоа креирајте F‑TYPE од вашите сништа или прегледајте го на интернет нашиот каталог за додатоци за да го видите целиот асортиман.

КАТАЛОГ НА ДОДАТОЦИ
ДОДАТОЦИ ОД КАРБОНСКИ ВЛАКНА СО ЗАВРШНА ОБРАБОТКА ВО SILVER WEAVE
Додадете уште поголем интензитет во динамичниот карактер на вашиот F‑TYPE со овие додатоци со мала тежина, инспирирани од перформансите. Во асортиманот на додатоците од карбонски влакна со завршна обработка во Silver Weave се вклучени страничните отвори за вентилација, жалузините на хаубата, куќиштата на ретровизорите и заштитните рамки при превртување.
ДОДАТОЦИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА
Надградете ја внатрешноста на F‑TYPE и истакнете го вашиот карактер со овие првокласни додатоци. Изберете од палетата во којашто спаѓаат гостопримливите осветлени плочки на праговите, ладните алуминиумски лопатки за брзо менување на степените на пренос со помош на врвовите на прстите и чувството на перформанси што го нуди издигнатиот селектор на степените на пренос изработен од карбонски влакна лакиран во бојата High Gloss.
ДОДАТОЦИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА
F‑TYPE е вистински перформансен спортски автомобил. Но, лесно е F‑TYPE да го направите да биде и практичен спортски автомобил преку асортиманот на првокласните додатоци за надградба на просторот, комфорот и универзалноста. Направени совршено да се совпаѓаат со F‑TYPE за да се добие максимална префинетост, во палетата на додатоци е вклучен штитникот од ветер* за да се намалат провевот и турбуленцијата во кокпитот на F‑TYPE Convertible. Практичниот носач на скии што се монтира на задниот дел е безбеден и сигурен систем, со знакот на Jaguar, за превезување опрема за зимски спортови. За дополнителен детаљ на елеганција достапни се и заштитни рамки при превртување во сјајна црна боја.

Можете да го изберете вашиот модел на F‑TYPE и да додадете опции и додатоци кога ќе го креирате вашиот F‑TYPE. А доколку сакате да погледнете и повеќе од тоа што сме ви предложиле, и уште подетално да го персонализирате вашиот F‑TYPE, зошто не би го прегледале нашиот целосен интернет каталог?

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ F‑TYPE
КАТАЛОГ НА ДОДАТОЦИ

*Дел од стандардната опрема кај моделите F‑TYPE R и F‑TYPE SVR Convertible