ПРАКТИЧНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ

Технолошки напреден и неверојатно практичен, F-PACE има сѐ што ви треба за вашиот активен животен стил.

Погледнете го видеото

Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Додајте до три модели за споредба
Url
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
Url
ПРЕЗЕМЕТЕ БРОШУРА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
Url
ПРОНАЈДЕТЕ ЗАСТАПНИК
Побарајте продавач на Jaguar близу вас
Url
ДИЗАЈНИРАН ЗА ДА ТРАЕ

Го создадовме F-PACE за да го обезбедиме сиот простор што ви треба вам, на вашите сопатници и на вашиот животен стил. А за дополнителна доверба и безбедност, F-PACE користи напредни технологии за помош на возачот коишто го прават секое патување порелаксирано и поедноставно.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРОСТРАН И ПРАКТИЧЕН

F-PACE е практичен и сестран. Конфигурацијата на неговите задни седишта во однос 40:20:40, нискиот праг за товарење, широкиот отвор на багажниот простор и импресивниот багажен простор од 1740 литри1 со соборени задни седишта за рамна површина во багажниот простор, овозможуваат едноставно товарење на сите работи што ви требаат.

Погледнете го видеото
yt:d-m_R0OTxds
КАРАКТЕРИСТИКИ
КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ
Клучот за активирање2 го прави живеењето на животот со полни гради уште полесно. Алката е робусна и потполно водоотпорна. Ви дозволува да уживате во многубројни активности - од падобранство до пливање - и го носи вашиот клуч за автомобилот со вас. Конвенционалната клуч картичка може да остане во автомобилот бидејќи е деактивирана заради сигурност.
Погледнете го видеото
yt:i_vD8fKPs6s
КРАЈНА ВРАТА СО ЕЛЕКТРОМОТОРЕН ПОГОН СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА
Крајната врата со електромоторен погон со функцијата активирање со гестикулација3 му овозможува на возачот да ракува со крајната врата од тротоарот, без да има потреба физички да го допре возилото или клуч картичката. Едноставно, поставете го вашето стапало под еден од задните агли на автомобилот и крајната врата се отвора или се затвора.
БАГАЖЕН ПРОСТОР
ПРОМЕНЛИВ ПОД ВО БАГАЖНИОТ ПРОСТОР
Подот во багажниот простор1 на F-PACE е променлив и може брзо да се менува, од издржливот теписон до гумираната површина, едноставна за чистење, идеална за влажна и каллива опрема.
РЕЗЕРВНО ТРКАЛО СО НОРМАЛНА ДИМЕНЗИЈА
F-PACE е достапен со резервно тркало со нормална димензија за да се совпаѓа со вашиот избор на тркала од легура. Овој детаљ го подига подот на багажниот простор и со тоа ја намалува зафатнината на багажниот простор. Ве молиме разговарајте со вашиот продавач на Jaguar за подетални информации бидејќи ова може да влијае на компатибилноста на некои карактеристики и додатоци.
СТАНДАРДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
ИТНО КОЧЕЊЕ
Во случај да се забележи потенцијален судар, F-PACE издава звучно предупредување за челен судар. Потоа, следат визуелни предупредувања. Ако возачот воопшто не реагира, системот ќе ги активира кочниците за да се намали тежината на можниот судар. Во системот спаѓаат и сензори за пешаци.4
ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНА ЛЕНТА И НАДЗОР НА СОСТОЈБАТА НА ВОЗАЧОТ
Системот Помош за задржување во коловозна лента забележува кога вашето возило ненамерно излегува од својата коловозна лента и врши корективно дејство со воланот со што ви укажува да го вратите вашето возило назад во неговата коловозна лента.

Системот Надзор на состојбата на возачот забележува ако сте почнале да се чувствувате поспан преку набљудување на вашите активности со воланот, педалите за кочница и гас и ви дава рано предупредување кога треба да направите пауза и да се одморите.4
Погледнете го видеото
yt:wix6mK5I2CI
ЕЛЕМЕНТИ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ НАНАПРЕД И НАНАЗАД
Со нив паркирањето е уште поедноставно. Сензорите коишто се поставени во предниот и задниот одбојник се активираат рачно или кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.4
КАМЕРА ЗА ПОГЛЕД НАНАЗАД
Обезбедува подобра видливост кога се движите наназад. На екранот на допир се прикажува слика од погледот назад преку која се појавуваат статични линии што го претставуваат габаритот на F‑PACE и вашата предвидена патека.4
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Изберете некој од понудените пакети за да го збогатите вашето доживување при возењето.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Системот Помош при паркирање ги прави паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни преку управување на вашето возило во погоден простор. Вие треба само да изберете соодветен степен на пренос и да ја контролирате брзината на возилото, додека графиките и известувањата ќе ве водат низ потребните маневри. Овој систем и ќе ве изнесе од паркинг просторот при паралелно паркирање, отстранувајќи го целиот стрес од паркирањето.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:UzQHxy8bjxA
360ᵒ ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Нашиот систем 360ᵒ Помош при паркирање ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Сензорите што се поставени околу возилото автоматски се активираат кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад (Reverse), или можат да се активираат рачно, а на екранот на допир се појавува графика којашто го прикажува погледот од горе на автомобилот. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Системот Набљудување на сообраќајот зад вас особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место. Системот ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни на вашето возило. Ќе ве извести со звучно и со визуелно предупредување така што знаете што има зад вас, дури и кога погледот ви е попречен.
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ФУНКЦИЈАТА ТРГНИ - ЗАСТАНИ
Одржува безбедно растојание до возилото пред вас дури и кога тоа забавува. Доколку возилото пред вас застане во место, и вие полека ќе застанете во место зад него. Во тргни - застани сообраќај, системот Прилагодлива контрола на патна брзина автоматски ќе продолжи со движењето следејќи го автомобилот пред вас ако стоењето во место е пократко од 3 секунди.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:hQJcac7_xQk
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Системот Помош за мртов агол може да ви помогне да спречите судар. Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло, а движењeто на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.
Погледнете го филмот
yt:Oz8rX_cM9D8
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Системот Итно кочење при голема брзина забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот е спремен за работа и активен на брзина од 10 km/h до 160 km/h.
ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Системот Помош при паркирање ги прави паралелното и паркирањето под прав агол поедноставни преку управување на вашето возило во погоден простор. Вие треба само да изберете соодветен степен на пренос и да ја контролирате брзината на возилото, додека графиките и известувањата ќе ве водат низ потребните маневри. Овој систем и ќе ве изнесе од паркинг просторот при паралелно паркирање, отстранувајќи го целиот стрес од паркирањето.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
yt:UzQHxy8bjxA
360ᵒ ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
Нашиот систем 360ᵒ Помош при паркирање ви дава целосна доверба при маневрирање во тесен простор. Сензорите што се поставени околу возилото автоматски се активираат кога ќе се избере степен на пренос за òд наназад (Reverse), или можат да се активираат рачно, а на екранот на допир се појавува графика којашто го прикажува погледот од горе на автомобилот. Како што се паркирате, екранот на допир и аудио системот ви обезбедуваат повратна информација за тоа колку сте блиску до пречките.
НАБЉУДУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ЗАД ВАС
Системот Набљудување на сообраќајот зад вас особено е од корист при òд наназад кога излегувате од паркинг место. Системот ве предупредува за возила, пешаци или други опасности што приоѓаат од двете страни на вашето возило. Ќе ве извести со звучно и со визуелно предупредување така што знаете што има зад вас, дури и кога погледот ви е попречен.
ПРИЛАГОДЛИВА КОНТРОЛА НА ПАТНА БРЗИНА СО ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ
Системот Прилагодлива контрола на патна брзина со Помош за управување ги прави возењето по автопат и ситуациите со густ сообраќај поедноставни и покомфорни. Тоа се постигнува преку нежно помагање во управувањето, забрзувањето и кочењето за да се центира возилото во линијата додека се одржува поставеното растојание до возилото пред него. Умерени интервенции во управувањето гарантираат дека ќе се намали физичкиот напор за одржување на централната положба на возилото.
ПОМОШ ЗА МРТОВ АГОЛ
Системот Помош за мртов агол може да ви помогне да спречите судар. Ако вашето возило забележи друг автомобил во вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш во соодветниот надворешен ретровизор ќе се вклучи мало предупредувачко светло, а движењeто на воланот ќе ви укаже дека вашето возило треба да го оддалечите од возилото што приоѓа.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
yt:Oz8rX_cM9D8
ИТНО КОЧЕЊЕ ПРИ ГОЛЕМА БРЗИНА
Системот Итно кочење при голема брзина забележува кога може да дојде до потенцијален челен судар со друго возило и прикажува предупредување за возачот да кочи. Ако возачот не реагира, автомобилот ќе го активира кочењето за да се намали силината на можниот удар. Системот е спремен за работа и активен на брзина од 10 km/h до 160 km/h.
360ᵒ СИСТЕМ ОД КАМЕРИ ЗА ОПКРУЖУВАЧКА СЛИКА
360ᵒ Систем од камери за опкружувачка слика користи четири дигитални камери дискретно поставени околу возилото за да се обезбеди поглед од горе од 360° што се прикажува на екранот на допир. Системот има способност истовремено да прикажува неколку различни погледи што ви помага при разни маневрирања, од паркирање крај рабник до влегување и излегување од тесен простори и крстосници.6
Погледнете го видеото
yt:_t14DQfjo18

Jaguar F-PACE е перформансен SUV коjшто го комбинира возбудливото возење со практичноста и ефикасноста. Создајте го вашиот совршен F-PACE со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
1Конфигурацијата и вкупната зафатнина на багажниот простор се менуваат во зависност од моделот и дали возилото е опремено со резервно тркало со нормална димензија или со тенко резервно тркало. За подетални информации консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar.
2Опционална карактеристика.
3Опционална карактеристика. Не е достапно кај F-PACE SVR.
4Во зависност од пазарот.
5Само со автоматска трансмисија. Достапно само кога се вградени опционалните ретровизори на вратите со автоматско придушување и електромоторно затворање. Во зависност од пазарот.
6Карактеристиката е достапна и како самостојна карактеристика. Достапно само кога се вградени опционалните ретровизори на вратите со автоматско придушување и електромоторно затворање.